Форми на финансирање на малите и средни претпријатија

Shuajibi, Elmedina and Trajkovska, Olivera and Koleva, Blagica (2022) Форми на финансирање на малите и средни претпријатија. Yearbook 2022, 23 (14). ISSN 1857-7296

[thumbnail of Formi na finansiranje na mali i sredni pretprijatija.pdf] Text
Formi na finansiranje na mali i sredni pretprijatija.pdf

Download (1MB)

Abstract

Во услови на глобална економска криза проблемите во врска со
обезбедувањето соодветни извори за финансирање на бизнисите стануваат сѐ поизразени. Деловните субјекти е неопходно да извршат оптимализација на изворите на финансирање, што ќе овозможи максимизирање на крајните финансиски ефекти, од една страна, и минимизирање на почетните вложувања, од друга страна. Интересот на деловните субјекти за оптимализација на изворите на финансирање произлегува од нивното влијание врз ликвидноста и профитабилностана работењето. Самофинансирањето претставува најевтин облик на финансирање на процесот на репродукција, бидејќи деловниот субјект не го оптоварува со камати, ниту со обврска за враќање на главницата, што не е случај со туѓите извори на финансирање.
Ваквиот начин на финансирање овозможува висок степен на финансиска независност при донесување на финансиските одлуки, како и флексибилност во водењето на финансиската политика и распределбата на добивката.
Меѓутоа, деловните субјекти не можат да го финансираат својот раст и развој исклучиво од сопствени извори. Имено, тие често се потпираат и на позајмените извори, односно на кредитите од банките и другите финансиски институции, емисијата на хартии од вредност, специфичните облици на финансирање, како што се: факторниг финансирањето,
форфетинг финансирањето, лизингот и финансирањето со франшиза. При донесувањето одлука за избор на соодветен извор на финансирање, деловниот субјект треба да има во предвид определени фактори, од кои позначајни се следниве: актуелните услови на пазарот на капитал, степенот на задолженост на деловниот субјект, цената на акциите,
даночната политика, степенот на развој на деловниот субјекти и сл. Во многу потешка ситуација во однос на големите, се малите и средни претпријатија, кои имаат ограничен пристап до изворите на финансирање на нивното работење.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Blagica Koleva
Date Deposited: 30 Jan 2023 09:51
Last Modified: 30 Jan 2023 09:51
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30969

Actions (login required)

View Item View Item