Премрежијата на едно судбоносно време за Македонија - политички статии, колумни и интервјуа за едно време и иднината (прв дел)

Andonov, Oliver (2018) Премрежијата на едно судбоносно време за Македонија - политички статии, колумни и интервјуа за едно време и иднината (прв дел). Other. Oliver Andonov, Skopje.

[thumbnail of Премрежијата на едно судбоносно време за Македонија - политички статии, колумни и интервјуа за едно време и иднината (прв дел).PDF] Text
Премрежијата на едно судбоносно време за Македонија - политички статии, колумни и интервјуа за едно време и иднината (прв дел).PDF

Download (1MB)

Abstract

Предговор
Секој народ во својата историја, особено во периодите на
создавањето на нацијата и државата поминува низ многу премрежија и
катарзи. Тие премрежија се резултат на меѓународните односи,
влијанијата на големите сили и секако влијанијата и интересите на
соседите кои тешко дека би посакувале уште еден сосед и уште една
нација во своето непосредно регионално опкружување. Тоа се должи на
нивните сопствени национални интереси за кои се подготвени на секој
начин да се борат, до степен на оспорување на правото на нација и
државност на било кој од соседите, а со крајна цел владеење на туѓите
територии како свои и отстранување на „опасноста“ од улогата на
националното малцинство на тој меѓународно правен субјект на
сопствената териотрија во остварувањето на националните интереси.
Во ваквите премрежија во изминативе два века се наоѓа и
Македонскиот народ и држава. Почнувајќи од задоцнувањето во јасно
искажаната национална определба или формирање на Македонската
нација како резултат на пропагандите и влијанијата (образовни,
црковни, културни, политички, економски и воени) на сите соседни
држави, преку интересите на големите сили, самостојните востанија и
буни, воени поделби на територијата на Македонија, се до
формирањето на АСНОМ-ска Македонија на само еден дел од етничата
и географската територија на Македонија и накрајот во последниве три
години, постојано се присутни премрежија и искушенија врз
Македонскиот народ. Оваа катарза и премрежија која ја доживуваат
генерации Македонци требаше да го сплоти и засили македонското
национално ткиво на сите страни во светот. За жал како и многупати во
историјата се докажа дек Македонецот најмногу страдал од
Македончето.
Продадените души желни за лична власт, злобни и нечовечни,
изгубени души од кои е откорната Православната Христијанска етика и
им е насадена псевдо етичност, лицемерие и саможивност
искомбинирана со квази космополитизам и апатритност и сега
повторно кренаа рака врз сопствената држава и народ.
Прашањето кое си го поставуваме и на кое ќе треба секој од нас
пред сопствената совест, сопствените поколенија и пред своите
сонародници да одговори, а за кое историјата и идните генерации ќе
судат според делата и крајните резултати чии плодови токму тие идни
генерации ќе ги уживаат е: „Дали ја предадовме Македонија и идеалот
за кој се бореа плеада борци со генерации пред нас за да имаме
држава“? Токму на ова прашање секој од нас од оваа генерација ќе
треба да одговори. Дали доволно силно и посветено се бореше за
татковината и државата Република Македонија? Дали доволно
посветено работеше за делото на вечноста, бидејќи татковината е вечна,
а не минлива категорија. Дали дозволи да биде измамен со шарени лаги
на „демократија“, на НАТО и ЕУ подобар живот? Дали не дадовме
макар и мал придонес да ја загубиме сопствената нација (идентитет
Македонски) и татковина и да станеме кираџии на татковата земја?
Што им оставаме во наследство на идните генерации? Дали се
самоуништивме и покажавме несвесност за државотворност и се
самоукинавме разурнувајќи го сопствениот национален идентитет во
кои генерации пред нас го вложија и својот живот?
Одговорот на сите овие прашање секого од нас поединечно ќе го
одведат до одговорот на првото и клучно прашање. Доколку сакаме да
бидеме барем со малку чиста совест пред самите себеси, потребно е
одговорите на овие прашања да ги побараме пред самите себеси и во
самите себеси. Да си одговори секој оној кој му даде доверба на лицето
под маска Зоран Заев, аболициран криминалец, митаџија, уценувач,
лажго, узурпатор, што тоа гледаше кога во Декември 2016 година
гласаше за измамникот и дали размислуваше со факти или имаше
шарен поглед на светот.
Ова е за нас, Македонците и за нашите идни генерации за да
знаеме и да знаат како ја изгубивме татковината. Но, оваа збирка на
статии, колумни и интервјуа е наменета и за странски читатели.
Наменета е пред се за да се научат на туѓ пример на случај. Да се научат
на примерот на Македонија како за две-три години се губи држава, но и
како и нивните влади и амбасадори во Македонија без совест и
човечност потикнуваа преседани во Македонија за кои никогаш не би
се согласиле да бидат применети во нивните држави.
Во книгава која е пред вас ќе најдете статии и колумни кои во
оваа турбулентно време од 2015 година па се до крајот на 2017 година,
односно завршувањето на локалните ибори во 2017 година, ги
објаснуваат дневнополитичките случувања со долгорочно влијание.
Притоа, опфатени се многу аспекти од општественото живеење, етички
прашања, политички, правни, безбедносни, религиски и други области
врз кои темелно се удираше во овие три години, а се со цел да се
поткопаат и урнат темелите на Македонската нација и држава.
Завршувајќи ја оваа активност и инсталирајќи марионетски и
предавнички режим, многу лесно се презема редефинирање на
Македонската држава во бинационална држава во која ќе постои
Албански народ како малцинство, малцинства од други народи и
мнозинство недефинирана аморфна маса која до скоро се нарекуваше
Македонски народ и нација.
Поентата на сите статии и колумни дадени во оваа книга беше
токму објаснување со кого си имаме работа и со кое чудовиште
Макеоднскиот народ треба да се справи заради сочувување на својата
самобитност и опстанок на нацијата и Македонската држава.
Очигледно е дека самосвеста за сопственото битисување и државност
кај нашиот народ е сеуште многу слаба кога се дозволи да се биде
изманипулиран и да се остане зачаурен во сопствениот микро свет.
Очигледно едека сеуште „Македончето“ се придржува до старата
поговорка: „наведната глава сабја не ја сече“, ама заборава и дека
„наведната глава сонце не гледа“, а ние Македонците за разлика од
Македончето го сакаме сонцето, нашето, Македонското сонце на
слободата.
Се надевам дека идните наши генерации поучени од
неспособноста на оваа генерација или поточно на еден дел од неа и
поучени од историската неминовност и факти за една предавничка
гарнитура која себеси се нарекува Социјалдемократски сојуз (СДС) ќе
ја научат историската лекција и ќе ја возобноват Македонската
национална држава. Со надеж дека идните генерации нема да ја
заборават предавничката улога во укинувањето на Македонската
национална држава која ја имаат во ова невреме Заев и неговите
„космополити“, анационални и „демократски“ другари на кои не им
прилега да бидат националисти, оваа книга им ја посветувам токму ним
„НА ИДНИТЕ МАКЕДОНСКИ ПАТРИОТИ“ како извор на сознанија
за едно време на премрежија кои оваа генерација гледано низ призмата
на показателите и донесувајќи го СДСМ со Заев на власт очигледно не
го разбра и не го издржа.

Item Type: Monograph (Other)
Subjects: Social Sciences > Political Science
Divisions: Military Academy
Depositing User: Oliver Andonov
Date Deposited: 27 Jan 2023 10:10
Last Modified: 27 Jan 2023 10:10
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30904

Actions (login required)

View Item View Item