Andonov, Oliver and Georgiev, Toni (2020) Безбедност или сигурност - современа дилема на општествениот пристап. Сборник научни трудове международна научна конференцим „Широката сигурност" том 1 Противодеиствие срешцу престбпността и тероризма. Военна сигурност, 4 (1). pp. 5-12. ISSN ISBN: 978-619-7383-17-1
Text
1__OA_~1.PDF Download (6MB) |
Abstract
Резгоме: Семантички гледано, безбедноста и сигурноста имаат исти корен на зборот и двата поими се однесуваат на заштита од загрозување или создавање на околина, опкружување, општество, средина која не продуцира или зрачи опасност односно загрозување. Токму насочувајќи се кон тоа зрачење на загрозување во современите општества се повеќе се појавува изразена разлика помеѓу безбедноста и сигурноста, односно помеѓу потребата за безбедно или сигурно живеење на граѓаните.
Колку и да изгледа ова хипотетичко и тешко разбирливо, несомнено е дека политичките елити пред се и државните органи во предвид ја имаат безбедноста на државата и безбедноста од директните ризици на загрозување на функционирањето на државата. Во исто време тенденцијата на граѓаните е сигурност на секојдневниот живот.
Современите општества, особено високо развиените имаат силна тенденција кон обезбедување на сигурност на своите граѓани, а во рамките на истата ја инкорпорираат безбедноста како составен дел. Научните обиди за редефинирање на сигурноста како човекова безбедност претставува исклучиво теориски обид за раздвојување на безбедноста од сигурноста. Во пракса ова е скоро невозможно, бидејќи чувството за сигурност кај граѓаните ја креира состојбата на општа сигурност на државата, додека човековата безбедност има симплификација во однос на личната и јавната безбедност.
Во овој труд ќе се обидеме во теорискиот пристап да дојдеме до диференцијацијата на појмовното и терминолошко значење на сигурноста и безбедноста и нивните практични импликации преку потребите на граѓаните за сигурност на живеењето и безбедноста на државата или личната и јавна безбедност како составен дел на националната безбедност.
Клтчови думи: безбедност, сигурност, национална безбедност, лична и јавна сигурност.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Political Science |
Divisions: | Military Academy |
Depositing User: | Oliver Andonov |
Date Deposited: | 26 Jan 2023 19:10 |
Last Modified: | 26 Jan 2023 19:10 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30843 |
Actions (login required)
View Item |