Биолошки лекови и промени во усната празнина

Smilkov, Katarina (2022) Биолошки лекови и промени во усната празнина. In: 11ти научен симпозиум со меѓународно учество „Промени во усната празнина и лицевата регија епидемиолошка состојба превенција дијагностика и третман“, 19 Nov 2022, Stip, Macedonia.

[thumbnail of 1-1. Единаесетти симпозиум - брошура.pdf] Text
1-1. Единаесетти симпозиум - брошура.pdf

Download (962kB)
[thumbnail of Apstrakt- K.Smilkov Bioloski lekovi i promeni vo usnata praznina.pdf] Text
Apstrakt- K.Smilkov Bioloski lekovi i promeni vo usnata praznina.pdf

Download (74kB)
[thumbnail of Prezentacija simpozium stomatologija.pdf] Text
Prezentacija simpozium stomatologija.pdf

Download (3MB)

Abstract

Лековите добиени со рекомбинантна технологија, попознати како биотехнолошки (биолошки) лекови, сè повеќе го наоѓаат своето место во современите протоколи на лекување на болести и нудат решенија за третман на болести кои до откривањето на овие лекови се сметале за неизлечиви. Сведочиме на исклучително брз развој на оваа класа на лекови, па денес овие терапевтици бројат стотици регистрирани препарати од групата на моноклонални антитела, цитокини, фактори на раст, хормони, кои се користат за третман на автоимуни заболувања, канцер, алергии, инфективни болести, итн.
Ова предавање има информативна компонента и дава основни информации за класите биолошки лекови, особено разгледувајќи ги лековите поврзани со промените кои се јавуваат во усната празнина. Конципирано е во два сегменти кои разгледуваат различни аспекти на инволвираност на биолошките лекови и промените кои се јавуваат во усната празнина. Првиот сегмент го разгледува контекстот на третман со биолошки лекови на промените кои се јавуваат во усната празнина и прави преглед на објавените резултати од неколку клинички студии кои ја испитуваат користа од примена на пр. на моноклонални антитела за третман на пемфигус, болеста Бехчет, пемфигоид на мукозни мембрани, орален лишај и други болести на уста кои биле третирани со биолошки лекови. Другиот сегмент, го разгледува контекстот на споредни и несакани ефекти кои се последица на третман со биолошки лекови, а се манифестираат во вид на промени на усната празнина и можат да се сретнат во секојдневната стоматолошка пракса.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Medical and Health Sciences > Health biotechnology
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katarina Smilkov
Date Deposited: 20 Jan 2023 17:18
Last Modified: 20 Jan 2023 17:18
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30819

Actions (login required)

View Item View Item