Vitanova-Ringaceva, Ana (2022) Нови книжевни разоткривања (Кон книгата Литературни констелации од Мито Спасевски, Скопје, 2022). Литературни констелации - Мито Спасовски. ISSN 978-608-66360-4-3
Text
Нови книжевни разоткривања.pdf Download (735kB) |
Abstract
Книгата „Литературни констелации” содржи четири глави во
кои преку ретроспективни навраќања, авторот приложува свои
критичко-аналитички видувања. Како претходница на книжевните
расправи, авторот ја приложува својата Беседа за зборот. Во неа, наеден суптилен начин му пристапува на зборот, на неговото величие,на стожерот, без чија стаменост, човековата мисла не би можела да се извиши угоре. Зборот е време. Искон. Уметноста е неговата древна татковина. Именител на љубовта,- е зборот. Зборот е уметност на битието. Зборот е живот – заклучува авторот. Зборот е исполин без кој човекот не би можел духовно да го освои светот. Без големината, силата и храброста на силниот збор, би останале неми жители на светот. Преку зборот, човекот почнал да го препознава и да го именува светот. Зборот со својата древност е сраснат со сѐ што постои како физичка и духовна манифестација, но
зборот е пред и над сѐ единствената прачестица од која се зачнал животот на уметноста. Неговата моќ бескрајно да се дели и размножува, го прави единствен апсолут без кој ниту човекот, ниту уметноста не би преживеале. Беседата за зборот ја носи мислата на авторот на примордијалниот извор во полите на народниот јазик, на оној прв артикулиран говор на кој нашиот човек раскажувал, пеел, тагувал несвесен дека тогаш станува најголемиот творец.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ana Ringaceva |
Date Deposited: | 20 Jan 2023 17:17 |
Last Modified: | 20 Jan 2023 17:17 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30818 |
Actions (login required)
View Item |