Vitanova-Ringaceva, Ana (2022) За земното буниште минливост. (Кон стихозбирката „Опит“ на Сузана Мицева). Зенит - списание за наука, литература, култура и уметност. ISSN 2671-3217
Text
За земното буниште минливост.pdf Download (6MB) |
Abstract
Тематско - мотивскиот свет во стихозбирката „Опит“ не се разликува многу од оној во нејзините претходни две книги. Темите што ја окупираат поетесата се со онтолошки предзнак:
постоењето, смислата на животот и неговите (бес)смислени играрии, смртта како преобразба на духот и секако,
љубовта како родилка на светот. Неверојатно е како објективизираната перцепција на лирскиот субјект се трансформира со субјективна слика за секој читател поединечно. Оти песните на Мицева секој читател по своему ги
доживува и преживува. Амплитудата на доживувањето е доста нестабилна, се движи остро од само навидум спокојна
и тивка нагласка, до неочекувана, на моменти и морничава изненада.Оваа книга претставува личен опит и обид на поетесата Сузана Мицева да се нурне длабоко во темните понори на духот, таму со фенер да го најде изворот на убавината и качувајќи се нагоре кон светот, попатно да го раздаде, капка по капка, секому по мерата.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ana Ringaceva |
Date Deposited: | 20 Jan 2023 10:13 |
Last Modified: | 20 Jan 2023 10:13 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30817 |
Actions (login required)
View Item |