Трауматски дентални повреди во млечна дентиција

Naskova, Sanja (2022) Трауматски дентални повреди во млечна дентиција. Knowledge - International Journal: The Power of Knowledge, 55 (4). ISSN 2545-4439

[thumbnail of TRAUMATIC+DENTAL+INJURIES+IN+THE+PRIMARY+DENTITION.pdf] Text
TRAUMATIC+DENTAL+INJURIES+IN+THE+PRIMARY+DENTITION.pdf

Download (650kB)

Abstract

Трауматските дентални повреди на млечната дентиција и усната празнина се вообичаени појави кај децата и младите. Според една неодамнешна меѓународна епидемиолошка студија за трауматски дентални повреди (ТДП) кои ги вклучуваат млечните заби преваленцата во светот изнесува 22,7%. Тие често се појавуваат кај малите деца додека учат да лазат, одат, трчаат и ја осознаваат нивната физичка околина. Овие повреди често претставуваат болни, вознемирувачки ситуации и може да резултираат со негативни долгорочни физички, естетски и психолошки последици за детето. Различни студии ги испитувале факторите на ризик кои ја зголемуваат веројатноста за ТДП во млечната дентиција. Децата со зголемен оверџет и несоодветна покриеност на усните имаат поголема инциденца на забни повреди. Во млечната дентиција, ризикот од дентална траума е три пати поголем со зголемен оверџет поголем од 6 mm, додека децата со оверџет помал од 3,5 mm имаат половина помала веројатност да настрадаат од дентална траума. Пронајдена е и позитивна поврзаност помеѓу предниот отворен загриз и трауматските повреди. Трауматските дентални повреди може да се класифицираат на повреди на меките ткива, повреди на тврди ткива (на пример, фрактури) и пародонтални повреди (на пример, луксации). Подвижноста на забите, бојата, осетливоста на дигиталниот притисок и положбата или поместувањето на забот/забите треба да се евидентираат при првичната посета. Бојата на повредените и неповредените заби исто така треба да се евидентира при секоја следна посета. Промената на бојата претставува честа компликација по повреди од типот на луксација. Обично се забележува 10 до 14 дена по настанатата повреда. Клинички, забите со сива промена на бојата можат да се вратат во првобитната боја, да бидат пожолтени или да останат сиви. Забите со темна промена на бојата може да бидат клинички асимптоматски без радиографски знаци на некроза до природна негова замена. Третман на коренскиот канал не се препорачува доколку нема клинички знаци на инфекција на пулпата. Радиографските снимки се важно дијагностичко средство за дијагностицирање на ТДП и служат како основно средство за споредба во наредните посети. Интраоралната радиографија може да вклучува периапикална радиографија (сензор/филм со големина 0, техника на паралела) или оклузална радиографија (сензор/филм со големина 2). Санирањето на трауматските дентални повреди на млечните заби има за цел да го спречи оштетувањето на трајниот заб заменик во развој, да ја ублажи болката и да ги минимизира можните компликации, како инфекција. Во моментов има ограничени докази за поддршка на многу од опциите за третман на млечната дентиција. Соработката на детето во итен случај, времето за замена на забот и влијанието врз оклузијата се важни ситуации кои влијаат на третманот. Конзервативниот пристап кој вклучува набљудување е често најсоодветна опција. Екстракцијата на трауматизираниот заб обично е потребно во случај на фрактура на заб со зафатеност на пулпата, повреди на луксација блиску до трајниот заб во развој и оние кои ја попречуваат оклузијата. На првата посета, треба да се направи брзо упатување до соодветниот тим за лекување на ТДП.
Клучни зборови: трауматски дентални повреди, млечна дентиција, дентална траума, ТДП

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Sanja Naskova
Date Deposited: 26 Jan 2023 19:28
Last Modified: 26 Jan 2023 19:28
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30783

Actions (login required)

View Item View Item