Angelova, Kata and Ilieva, Verica and Markova Ruzdik, Natalija (2022) Актуелни сорти во производството на ориз во Репубика Северна Македонија. In: III Студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина“, 11 Nov 2022, Stip, Republic of North Macedonia.
Text
Finalna programa za III studentska konferencija.pdf Download (211kB) |
|
Text
Kata Angelova et al..pdf Download (1MB) |
|
Text
Kniga na apstrakti.pdf Download (818kB) |
Abstract
Сортата е еден од доминантните фактори за висок и квалитетен принос во системите за растително производство. Во производството на ориз во РС Македонија се застапени поголем број сорти, кои во различните микро реони и години реагираат различно во однос на приносот на арпа и рандманот на бел ориз. Најзастапени се италијанските сорти: сант андреа, валенте, опале, камео, бароне, драго, балдо, селенио, ониче и роналдо, како и сортите со турско потекло: гала, халибеј, ѓонен, ефе, османџик. Сортите ориз кои имаат висок принос на арпа секогаш немаат добар рандман, односно висок принос на бел ориз. За максимален принос на бел ориз постои оптимална содржина на влага во арпата во моментот на жетвата, која се разликува во зависност од сортата и локацијата на производството. Испитувањата кај дел од сортите застапени во реонот на Зрновци, во производната 2022 година, покажаа дека рандманот на бел ориз кај сите сорти опаѓа со намалувањето на содржината на влагата во арпата при жетвата. Со најдобар рандман се покажаа сортите валенте (62% при 17% влага во арпата, 60% при 15,5% влага во арпата и 61% при 14% влага во арпата) и камео (58% при 17% влага во арпата, 57% при 15,5% влага во арпата и 56% при 14% влага во арпата). Најмал рандман покажа сортата сант андреа (49% при 17% влага во арпата, 47% при 15,5% влага во арпата и 46% при 14% влага во арпата). За да се добие добар рандман оризот треба да се жнее со влага од 18% до 25%. Но, бидејќи идеалната содржина на влагата за безбедно чување на арпата до лупење и за лупење е помеѓу 12% и 14%, заради намалување на трошоците за сушење, препорачаната оптимална содржина на влага во моментот на жетвата е од 18% до 22%.
Клучни зборови: ориз, рандман, сорти, жетва, содржина на влага.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Agricultural Sciences > Other agricultural sciences |
Divisions: | Faculty of Agriculture |
Depositing User: | Natalija Markova Ruzdik |
Date Deposited: | 26 Jan 2023 16:22 |
Last Modified: | 26 Jan 2023 16:22 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30742 |
Actions (login required)
View Item |