Пародонтални хируршки решенија на мукогингивалните отстапувања

Nikolovski, Bruno and Radojkova-Nikolovska, Vera (2021) Пародонтални хируршки решенија на мукогингивалните отстапувања. Documentation. Kontura, Skopje.

[thumbnail of МОНОГРАФИЈА - Пародонтални хируршки решенија на мукогингивални отстапувања.pdf] Text
МОНОГРАФИЈА - Пародонтални хируршки решенија на мукогингивални отстапувања.pdf - Published Version

Download (1MB)

Abstract

Мукогингивална терапија претставува општ термин кој се користи да се опишат пародонтaлните хируршки процедури вклучени во третман за корекција на дефекти во морфологијата, поставеноста, и / или соодносот на меките ткива и коските како базична поддршка на забите и денталните импланти (Речник на термини во пародонтологија 2001 / Glossary of Terms in Periodontology 2001).

Терминот мукогингивална хирургија е воведен во 1950-те години од страна на Friedman (1957) и е дефиниран како "хируршки процедури дизајнирани за презервација на гингивалното ткиво, отстранување на девијантните ткивни ресички (френулуми) или мускулни припои, како и зголемување на длабочината на vestibulum oris". Често, терминот "мукогингивална хирургија" е користен за да се опишат сите хируршки процедури кои ги инволвираат гингивата и алвеоларната слузница. Како резултат на тоа, овде припаѓаат не само техниките дизајнирани за да се зголеми гингивалниот појас и да се корегираат дефектите на меките ткива, туку во мукогингивалните третмански модалитети се вклучуваат и процедурите за елиминирање на пародонталните џебови. Во 1993 година, Miller го предложува терминот “пародонтална пластична хирургија”, со оглед на унапредувањето на мукогингивалната хирургија од, до тогаш, традиционалниот третман на проблемите асоцирани со износот на гингивалното ткиво и дефектите со гингивална рецесија. Така, оваа нова терминологија ги вклучува и корективните процедури на формата на алвеоларната и мекоткивната естетика.

Пародонталната пластична хирургија сега се дефинира како "хируршки процедури кои се изведуваат за превенција или корекција на анатомските, развојните, трауматските или инфламаторно асоцираните дефекти на гингивата, алвеоларната слузница или алвеоларна коска” (Proceedings of the World Workshop in Periodontics, 1996).
Меѓу третманските процедури што се вклучуваат во рамките на оваа дефиниција се различни хируршки постапки врз меките и тврдите ткива во насока на:

• Гингивална аугментација

• Корекција на коренска експозиција

• Отстранување на мукозни дефекти кај дентални импланти

• Клиничко продолжување на коронка

• Презервација на гингива при ектопична ерупција на забите

• Отстранување на девијантни френулуми

• Превенција на алвеоларна ресорпција по екстракција на заб

• Аугментација на беззаб гребен.

Во фокусот на овој труд, главно ќе бидат презентирани хируршките процедури за корекција на дефекти кај меките ткива во однос на забите и беззабиот алвеоларен гребен.

Item Type: Monograph (Documentation)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Bruno Nikolovski
Date Deposited: 14 Dec 2022 10:31
Last Modified: 14 Dec 2022 10:31
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30660

Actions (login required)

View Item View Item