Nedelkovska, Ivana and Nikolovski, Bruno and Grbovic, Edis and Pop Janeva, Bojana (2022) Водена ткивна регенерација со употреба на collagen block (Bio-Oss Geistlich) во третман на инфракоскени пародонтални дефекти. In: 9-ти Конгрес на македонско стоматолошко друштво со меѓународно учество (МСД), 15-18 Sept 2022, Ohrid, Republic of North Macedonia.
Text
MSD Ohrid poster presentation 4.pdf - Published Version Download (1MB) |
|
Slideshow
Водена ткивна регенерација.pdf - Published Version Download (8MB) |
Abstract
Употребата на современите биоматеријали за водена регенерација на ткивата (Guided tissue regeneration - GTR) се покажува како многу подобра и поефикасна метода при стимулација на регенеративниот потенцијал на коскенoто ткиво, во споредба со изолираниот хируршки третман по пат на отворена киретажа и отстранување на присутниот дебридман.
Цел: Приказ на случај во лекување на забало со генерализирана форма на агресивна пародонтална болест тип III.
Материјал и метод: Пациентка на 51 годишна возраст е примена на Клиниката за болести на устата и пародонтот, со потреба од санација на забалото. Клинички е утврдена генерализирана
форма на агресивна пародонтопатија, радиографски верификувана. Присутни инфракоскени вертикални дефекти на забите #14 и #13, #21, #22, #23, #24, #31, #41, #44 и #45. Причинител на состојбата е присутниот секундарен оклузален трауматизам и локална апертогнатија, како и долгогодишна инсуфициентна орална хигиена. Нотирана е едематозна гингива со променета боја и површинска структура, генерализиран интерпроксимален губиток на припој, активни пародонтални џебови со субгингивални конкременти и fetor ex ore. Во сите четири квадранти беше применета конзервативна и последователна хирушка пародонтална терапија (модифициран Widman флап). Изведен е целосен протокол за мануелна инструментација и пополнување на сите дефекти со Collagen block. Елиминирана беше и оклузалната траума.
Резултат: По извршениот хируршки третман и воведен соодветен хигиено-диететски режим, гингивалното ткиво ја поврати нормалната розова боја и архитектоника. Шест месеци по
интервенцијата направена е нова рентгенграфија каде се гледа репарирање и обновување на алвеоларната коска.
Заклучок: Примената на биоматеријалите како дополнување во пародонталната хирургија претставува нов и ветувачки потенцијал во забрзаното и ефективно лекување на пародонталната болест и стимулација и регенерација на функционалниот припоен апарат на забот. Овој случај е приказ на редукција на инфракоскените дефекти и враќање на анатомскиот изглед и форма на потпорната алвеоларна коска атакувана низ фазите на заболувањето.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Natural sciences > Biological sciences Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health biotechnology Medical and Health Sciences > Health sciences Engineering and Technology > Medical engineering Engineering and Technology > Nano-technology Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Bruno Nikolovski |
Date Deposited: | 26 Jan 2023 19:06 |
Last Modified: | 26 Jan 2023 19:06 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30647 |
Actions (login required)
View Item |