Синдром на „согорување“ како појава кај наставниците во одделенска настава

Kamceva-Panova, Lidija (2022) Синдром на „согорување“ како појава кај наставниците во одделенска настава. International journal Knowledge, 54 (2). pp. 223-352. ISSN 2545-4439

[thumbnail of “BURNING+OUT”+SYNDROM+AS+AN+APPERANCE+AMONG+PRIMARY+SCHOOL+TEACHERS.pdf] Text
“BURNING+OUT”+SYNDROM+AS+AN+APPERANCE+AMONG+PRIMARY+SCHOOL+TEACHERS.pdf - Published Version

Download (912kB)

Abstract

Современиот начин на живеење претставува постојан извор на стрес за поединецот. Промените
кои се случуваат во општествената, економската, политичката и социјалната сфера условуваат и
наметнуваат промени во работните организации. Образованието како важна област на човековото живеење
исто така е подложно на овие промени. Тие директно се одразуваат и врз наставниците како носители на
воспитно - образовната дејност, кои постојано се изложени на нови барања и задолженија поврзани со
наставничката професија. Наставничката професија во себе вклучува многу улоги на наставникот:
пренесувач на знаење, воспитувач, комуникатор, соработник, администратор и др. Секоја од овие улоги со
себе носи барања кои наставникот треба да ги исполни. Во последните дваесетина година во РСМ,
наставниците се изложени на голем број општествени, економски и реформски промени во образованието.
Стресот и синдромот на „согорување“ на работа се истакнуваат како битни општетсвени и професионални
феномени чии последици се одразуваат врз работата и ефикасноста при извршувањето на работните задачи.
Синдромот на „согорување“ се дефинира како „продолжен одговор при хронична изложеност на
емоционален и меѓучовечки стрес на работа“,(Maslach, 2003: 1), а го сочинуваат три компоненти:
емоционална исцрпеност (преосетливост, емоционална празнина, вкочанетост), деперсонализација ( чувство
на отуѓеност, безличен однос со колегите) и ниски постигања ( самоомаловажување, чувтсво на
некомпетентност кое ја намалува ефективноста во работата).
Целта на ова истражување е да се евидентира појавата на „согорување“ кај наставниците од одделенска
настава и да се утврди степенот на „согорување“.
Во ова истражување е користена чек листа за професионално согорување, а испитаниците одговараат со Да
или Не само за евидентирање на појавата. Во иницијалната примена на орегиналната скала (Seidman i Zager,
1986.) се издвоени четири фактори кои ги употребивме и во ова истражување. Се состои од 21 честица
(искази), поделени во четири субскали и тоа: А) Перцепција на административната поддршка; Б)
Задоволство од избраното занимање; В) Соочување со стресот на работното место и Г) Ставови спрема
учениците.
Од користениот самотест за степен на изразеност на појавата на „согорување“ ќе се констатира степенот на
„согорување“: многу низок, низок, умерен и висок степен.
Клучни зборови: синдром на „согорување, наставници, стрес,

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Lidija Kamceva Panova
Date Deposited: 28 Nov 2022 11:55
Last Modified: 28 Nov 2022 11:55
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30511

Actions (login required)

View Item View Item