Serafimov, Aleksandar (2022) Прогностичка улога на срцевите биомаркери кај пациентите со миокарден инфаркт. Doctoral thesis, University Goce Delchev Shtip.
Text (Doctoral Thesis)
Докторска дисертација Александар - лекторирано final.pdf - Published Version Download (1MB) |
Abstract
Позадина: Во дијагнозата на миокардниот инфаркт, освен електрокардиограмот, голема улога имаат и срцевите биомаркери, кои освен дијагностичка имаат и прогностичка улога. Прогностичката улога на срцевите биомаркери е докажана во светската научна литература, но во нашата земја досега не е опишана. Коронарната артериска болест, вклучително и миокардниот инфаркт претставува водечка причина за смрт во светски рамки и како таква претставува важен проблем за јавното здравје.
Опис на методологијата: Испитувањето беше дизајнирано како лонгитудинална, проспективна кохортна клиничка студија и истото беше спроведено на Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје.
Во истражувањето беа вклучени 150 пациенти, хоспитализирани за акутен миокарден инфаркт и третирани со ПКИ реваскуларизација. Клинички податоци, биомаркери како: стрес гликемија, гликемија на гладно, гликолизиран хемоглобин HbA1c, hsTn, NT-proBNP, креатинин, степен на гломеруларна филтрација (eGFR), уреа, крвна слика и електролити беа измерени на прием и при редовните клинички контроли. Исто така, ехокардиографија на прием, и при редовните клинички контроли беше направена за да се класифицираат пациентите со АМИ со редуцирана, лесно редуцирана и/или зачувана ЛВЕФ и да се идентифицира транзицијата на пациенти (особено оние од групата на лесно редуцирана ЛВЕФ). Првата контрола на пациентите беше направена во период од 3 до 6 месеци по индексниот настан, со контрола на варијаблите од интерес (биохемиски, ЕКГ и ехокардиографски параметри).
Резултати: Во тек на средниот период на следење од 39,3 месеци, кај пациенти беа регистрирани кардиоваскуларни настани, кои беа поделени во подгрупи – АКС; СС; ЦВИ; смрт (срцева и несрцева). Од вкупно 150, кај 48 (32%) од пациентите беа регистрирани кумулативно 70 МАСЕ, последователно АКС со потреба од хоспитализација и/или реваскуларизација кај 21 (14%), СС со потреба од хоспитализација кај 19 (12,7%), ЦВИ кај 6 (4%), смртен исход кај 24 (16%), и тоа 11 (7,3%) срцева и 13 (8,7%) несрцева смрт.
30-дневната смртност беше 3,3% (5 пациенти), додека едногодишната смртност во првата година по ИМ беше 6,1% (9 пациенти). Од вкупниот број на пациенти со несрцева смрт, кај 5 пациенти истата настапила во тек на КОВИД-19 болест, додека кај 4 пациенти во склоп на малигна болест.
Како независни предиктори на мајорни несакани срцеви настани се издвоија: времетраење на хоспитализација во тек на индексниот настан, број на заболени КА, ЛК крајно-систолен дијаметар, примање на loop диуретици при испис од болница и биохемиски обележја NTproBNP и неможноста да се постигне добра глико-контрола.
Заклучок: Користењето на срцевите биомаркери, заедно со докажаните биохемиски и ехокардиографски варијабли може да се искористи за оптимизирање на терапијата на пациенти со акутен миокарден инфаркт, како и да се превенираат несаканите срцеви настани по епизода на миокарден инфаркт.
Клучни зборови: срцеви биомаркери, акутен миокарден инфаркт, главни несакани срцеви настани, кардиоваскуларни ризик фактори, срцева слабост.
Item Type: | Thesis (Doctoral) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Aleksandar Serafimov |
Date Deposited: | 18 Nov 2022 11:19 |
Last Modified: | 18 Nov 2022 11:19 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30493 |
Available Versions of this Item
- Прогностичка улога на срцевите биомаркери кај пациентите со миокарден инфаркт. (deposited 18 Nov 2022 11:19) [Currently Displayed]
Actions (login required)
View Item |