Kozinkova, Vesna (2020) Саморефлексивноста на скриената камера. Годишен зборник 2020/I, 11 (5). ISSN 1857-7059
Text
Саморефлексивноста на скриената камера.pdf Download (244kB) |
|
Text
Vol. 11 No. 15 (2020)_ ГОДИШЕН ЗБОРНИК 2020 _ I _ Yearbook - Faculty of Philology.html Download (18kB) |
Abstract
Саморефлексивноста е од особен интерес на романсиерите од последните триесет години кои со право се нарекуваат мета-прозни бидејќи сите тие се обидуваат, и главно успеваат во тоа, да ја истражуваат теоријата на прозата низ практиката на пишување проза.Метатекстуалноста во македонскиот постмодернистички роман е својство коешто е присутно, но исто така својство коешто може да биде третирано и разгледувано од различни аспекти. Со оглед на тоа што Патриша Во констатира дека метатекстуалноста се гради на матрицата на реалистичкото писмо, топосите, кои ќе ги земеме предвид при анализата на романот „Скриена камера“ од Лидија Димковска (2004), се конвенциите на реализмот: лик, раскажувач, фабула. Притоа нема да ги запоставиме ниту дискусиите во романот околу жанровската припадност на делото.Заглучокот е дека во него доминираатавтореферентни единици во кои нараторот настапува од позиција на критичар. Позицијата на критичар дозволува влез во фикционалната илузија и овозможува увид во техниката на раскажување. �Клучни зборови: метафикција, постмодернизам, вистинитост, фикционалност, роман, критика
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Vesna Kozinkova |
Date Deposited: | 15 Nov 2022 09:30 |
Last Modified: | 15 Nov 2022 09:30 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30483 |
Actions (login required)
View Item |