Zoran, Nikolovski (2022) Современи трендови и перспективa за развој на кетеринг услугите. Doctoral thesis, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип.
Text
3 PDF Финален Докторски труд м-р Зоран Николовски за одбрана 6.11,2022.pdf Download (7MB) |
Abstract
Кетеринг-индустријата е една од најдинамичните и најбрзорастечките бизниси во светот. Во индустријата за храна и пијалаци, кетеринг-индустријата убедливо го зазема првото местo во светот по динамичноста, но и по профитабилноста што ја овозможува. Кетерингот, односно планираното служење храна и пијалаци, е широко распространето во многу бизниси и индустрии, како што се на пр. Образовните институции, владите, медицинските установи, авионските летови, објектите за забава и рекреација итн. Кетеринг- индустријата, како и сите останати е подрачје коешто секојдневно подлежи на промени и за една кетеринг-компанија да остане конкурентна на пазарот неопходно е таа да ги следи најновите кетеринг-трендови, како и да одговори на најразличните барања за кетеринг на луѓето од современото општество.
Во теоретскиот дел на овој докторски труд се дефинира кетерингот како поим, а исто така се дава и приказ на современите кетеринг-трендови кои се моментално присутни во светски рамки. Во однос на методолошката рамка, посебен дел во докажувањето на релевантноста на темата има примената на емпириското истражување со цел да се анализира и интерпретира главната тема, односно да се продлабочат постојните научни знаења, како и да се излезе со нови научни сознанија за условите и перспективите за развој на кетеринг-дејноста во Република Северна Македонија преку проучување на моменталната состојба на развиеност на кетеринг-дејност во земјава, како и преку проучување на најновите светски практики од оваа област. Притоа, се користи анкетен прашалник со структуирани, јасни и недвосмислени прашања, чија цел е да ја утврди моменталната состојба на развој на кетеринг-дејноста во Република Северна Македонија, со цел да се види ставот на испитаниците, воедно и сопственици, менаџери на угостителски објекти/кетеринг-компании, организатори на кетерингнастани (Event Managers) и oстанат персонал во угостителски објект/кетерингкомпанија вклучена во реализација на кетеринг-настани.
Од главниот заклучок на дисертацијата може да се согледа дека Република Северна Македонија има голем потенцијал за развој на нови кетеринг-трендови и стилови кои во голема мера би влијаеле на развојот на економијата на земјата, како и на развој на туризмот. За да се постигне тоа во иднина, потребна е пред сѐ голема соработка помеѓу самиот персонал во угостителските објекти/кетерингкомпаниите, соработка со туристичките субјекти и надлежните тела во земјата, како и соработка на сите овие чинители на локално, регионално и меѓународно ниво.
Item Type: | Thesis (Doctoral) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Dejan Metodijeski |
Date Deposited: | 14 Nov 2022 10:25 |
Last Modified: | 14 Nov 2022 10:25 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30467 |
Actions (login required)
View Item |