Denkova, Jovanka (2022) Повеќеслојноста во романите на Петко Шипинкаровски. Branuvanja (20). pp. 35-38.
Text
Branuvanja.pdf Download (689kB) |
Abstract
Со името на писателот Петко Шипинкаровски (1946-2020) се поврзуваат повеќе исклучителни книжевни дела. Почнувајќи од романот „Откорнати души“ (2005), преку романот „Златни обетки за Марија“ (2011), се пројавува како автор и на драми, монодрами, романизирани монографии, поетски збирки, преведувач, но и како автор за деца. Овде неизоставно треба да се споменат неговите раскази за деца „Разбранувани води“, романот за деца и млади „Златни обетки за Марија“, а овде би можел да се вброи и романот „Децата на Марија“, објавен 2012 година, како издание на БРАН од Струга.
Иако романот „Децата на Марија“ хронолошки следува по „Златните обетки на Марија“ овие две нарации не се поврзани ниту според ликовите ниту според времето/местото на одвивање на дејството. Она што ги поврзува е неговото писателско перо, кое во нив задира во најситните дамари на македонската душа, ја подраспретува и припокрива. Тоа извонредно перо на Петко Шипинкаровски, ја обезбедило опстојбата на романиве, благодарение на нивната повеќеслојност. Со своите тематскo-мотивски особености тоа се романи-мозаици во кои вешто и хармонично се испреплетуваат реалистичните, историските, авантуристичките, љубовните и семејните теми.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Jovanka Denkova |
Date Deposited: | 17 Oct 2022 13:42 |
Last Modified: | 17 Oct 2022 13:42 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30208 |
Actions (login required)
View Item |