Sofronievska, Maja (2022) Терапевтски пристап во третманот на СДУТ- резултати од MANUAL MK студија. In: Третман на не-неврогени симптоми на долен уринарен тракт, 08 June 2022, Skopje. (Submitted)
Slideshow
ТЕРАПЕВТСКИ ПРИСТАП-МАНУАЛ.pdf Download (972kB) |
|
Text
Агенда за стручен состанок_09.06.2022.pdf Download (530kB) |
Abstract
Во текот на 2021 година во Република С. Македонија беше спроведена МАНУАЛ МК (MANUAL MK) студијата во која беа анализирани податоци од 728 пациенти во повеќе уролошки оддели на државни и приватни здравствени институции. Пациентите беа на возраст од 27 до 96 години.
Оваа опсервациска студија имаше за цел да обезбеди увид во третманот на не-неврогените симптоми на долниот уринарен тракт кај мажите во секојдневната клиничка пракса од страна на уролозите во Северна Македонија, и воедно да се добие увид во разликите помеѓу употребата на одредени дијагностички процедури и третманот на болеста, од страна на различните возрасни групи на уролози и нивното работното опкружување (работа во универзитетска клиничка болница, приватна пракса или локална болница).
Добрата анамнеза и проценката на медицинската историјата на пациентот е од голема важност во идентификување на потенцијалните причини и релевантните коморбидитети, вклучувајќи ги здравствените и невролошките заболувања.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Keynote) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Maja Sofronievska |
Date Deposited: | 01 Nov 2022 08:36 |
Last Modified: | 01 Nov 2022 08:36 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30046 |
Actions (login required)
View Item |