Магистратура: Кризен менаџмент во здравствениот сектор

Sofronievska, Maja (2016) Магистратура: Кризен менаџмент во здравствениот сектор. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip; Military Academy “General Mihailo Apostolski", Skopje Associated member.

[thumbnail of Magisterska_Krizen menadzment vo zdravstven sektor.pdf] Text
Magisterska_Krizen menadzment vo zdravstven sektor.pdf

Download (3MB)
[thumbnail of Diploma_magistar_Sofronievska.pdf] Text
Diploma_magistar_Sofronievska.pdf

Download (108kB)
[thumbnail of Dodatok_na_diploma_za_vtor_ciklus_Sofornievska.pdf] Text
Dodatok_na_diploma_za_vtor_ciklus_Sofornievska.pdf

Download (801kB)
Official URL: http://ma.edu.mk/

Abstract

Кризните состојби се промена во условите во животната средина проследени со промена на нормалниот начин на живеење, a се изразуваат со зголемена изложеност на зафатената популација на ризичните елементи од природата.
Република Македонија како земја членка на Светската здравствена организација учествува во нејзината работа и тежнее комплетно да се вклопи и да ги спроведе одлуките и препораките содржани во документите на Светската здравствена организација.
Националната политика за справување со кризни состојби во здравствениот сектор е од особена важност за започнување на редоследот за справување со вонредни/кризни состојби.
Почитувајќи ги насоките на Светската здравствена организација, а со цел да се подготват за справување со катастрофи, здравствените установи имаат задача да изработат план за подготовеност за вонредни/кризни состојби. Важно е тој да ги содржи сите насоки пропишани од Светска здравствена организација и да биде унифициран за целиот здравствен сектор во државата.
Планот за подготвеност за вонредни/кризни состојби опфаќа редослед на активности за одговор и обновување на/од вонредни/кризни состојби, а се однесува на заштита и спасување животи, имот и околината. За ефикасно спроведување на болничкиот план за подготвеност, неопходно е негово постојано ажурирање и дополнување со цел имплементација на сите насоки содржани во него.
Евалуирајќи го постојниот план и предлагајќи мерки за негово прецизирање и дополнување, се поставуваат потребните стандарди за изготвување болнички планови за подготвеност за вонредни/кризни состојби во целата држава.

Клучни зборови: ризик, здравство, болница, подготвеност, прашалник

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Military Academy
Depositing User: Maja Sofronievska
Date Deposited: 14 Oct 2022 21:36
Last Modified: 14 Oct 2022 21:36
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30000

Actions (login required)

View Item View Item