Низ пасажите на македонскиот јазик. Свето Стаменов: Јазикот - наша единствена комплетна татковина, I-II, Скопје, 2021. По повод 95-годишнината од смртта на Крсте Петков Мисирков (1926-2021) и 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески (1921-2021)

Vitanova-Ringaceva, Ana (2021) Низ пасажите на македонскиот јазик. Свето Стаменов: Јазикот - наша единствена комплетна татковина, I-II, Скопје, 2021. По повод 95-годишнината од смртта на Крсте Петков Мисирков (1926-2021) и 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески (1921-2021). Јазикот-нашата единствена комплетна татковина. ISSN 978-608-66519-7-8 (книга 1) / 978-608-66519-8-5 (книга 2)

[thumbnail of Низ пасажите на македонскиот јазик.pdf] Text
Низ пасажите на македонскиот јазик.pdf

Download (1MB)

Abstract

Индивидуалната свест за јазикот е свест за неговото суштинско значење за нас и за татковината. Постојат поединци кои со својата работа и посветеност покажуваат постојана грижа и љубов кон нашиот јазик, токму тие се најсветлите примери за тоа како се милува јазикот, како што велеше Мисирков. Македонското радио - Радио Скопје преку емисиите на вредниот публицист и новинар Свето Стаменов, покажува посебен однос и грижа за нашето најголемо духовно наследство. Студијата на Македонското радио за Свето Стаменов и неговите соговорници се мали предавални од кои, преку етерот, прозвучува вистината за македонскиот јазик и така прочистена влегува во сечиј дом. Македонското радио продолжува да биде најголемата школа за говорништво, за тоа што значи да се говори убавиот и чист македонски јазик, правилно да се акцентира, да се практикува правилна дикција и да се негува убавиот израз. Од многуте реализириани разговори со авторитети од областа на македонистиката, Стаменов прави сериозен чекор, сите нив да ги стави меѓу корици, за да останат како најсилен аргумент во нашата борба за докажување на вистината, која сама по себе е аксиома. Во двотомното издание насловено „Јазикот – нашата единствена комплетна татковина“, култната мисла на големиот Блаже Конески, нешето вјерују, објавени се над педесет интервјуа. Со самото тоа што многу авторитети од научната сфера на македонистиката покажале интерес да застанат пред микрофонот на Македонското радио, говори за неисцрпноста на темата и нејзината постојана актуелност. Нашиот прочит на приложеното двотомно издание, открива дека Стаменов за свои соговорници одбира авторитети со сериозен багаж од знаење за македонскиот јазик, неговата историја, развој, медиумски третман, социолингвистички анализи, јазикот како аргумент во пропагандистички цели и сл.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ana Ringaceva
Date Deposited: 09 Aug 2022 11:13
Last Modified: 09 Aug 2022 11:13
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29968

Actions (login required)

View Item View Item