„Смртта како кума“ - архаичен мотив во една волшебна приказна од книгата „Араптази“ на Иван Котев

Vitanova-Ringaceva, Ana (2022) „Смртта како кума“ - архаичен мотив во една волшебна приказна од книгата „Араптази“ на Иван Котев. Македонски фолклор. ISSN 2671-3993

[thumbnail of „Смртта како кума“ - архаичен мотив во една волшебна приказна од книгата Араптази на Иван Котев.pdf] Text
„Смртта како кума“ - архаичен мотив во една волшебна приказна од книгата Араптази на Иван Котев.pdf

Download (1MB)

Abstract

Архаичните родовски традиции нашле свое место во фолклорот и по сите поминати фази на модификации останале нивни реликти. Анализирајќи ги фазите на развој на сродничките врски, доаѓаме до најраспространетиот феномен кумство/побратимство, релација што има свој заеднички култен образец во народната традиција.Кумството претставува институција во која две единки или групи влегуваат во содејство заради исполнување на одредени обредно-ритуални практики, а неговите зачетоци се лоцираат длабоко во древноста. Истражувањата покажуваат дека терминот куме широко распространет во традицијата на јужнословенските народи и претставува институција позната уште во претхристијанско време. Во традицијата на јужнослоенските народи сè уште стои жива сликата за кумот како лик, кој ги заслужува најголемите почести и длабока почит. За кумството како сродничка врска меѓу две индивидуи важи релацијата подреден – надреден.Во извонредно богатата собирачка актива на современиот македонски фолклорист Иван Котев, стои запишана волшебна приказна со наслов „Момчето шо служило двајсе и пет гудини вујник“. Покрај многуте мотиви што ги содржи приказната, мотивот „смртта како кума“ посебно го привлече нашето внимание. Во трудот ќе направиме подробна опсервација на мотивот како архаичен реликт што се видоизменувал низ времето за, на крајот, да се прилагоди на христијанската традиција и како таков останува во фолклорот.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ana Ringaceva
Date Deposited: 09 Aug 2022 11:13
Last Modified: 09 Aug 2022 11:13
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29966

Actions (login required)

View Item View Item