Дигитална економија

Temjanovski, Riste (2022) Дигитална економија. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Штип. ISBN 978-608-244-878-7

[thumbnail of Темјановски Р. Дигитална економија 2022 РЕП.pdf] Text
Темјановски Р. Дигитална економија 2022 РЕП.pdf

Download (3MB)

Abstract

Дигиталната економија е светска мрежа на активности, комерцијални трансакции и професионални интеракции кои се овозможени од информациските и комуникациските технологии (ИКТ) во економскиот екосистем. Овој поим е составен дел од нашето секојдневие, реалните случувања во индустријата, академската средина, алудирајќи на нови, според некои автори дури и апокалиптични сценарија, но и возбудливи димензии кои го одземаат здивот во која насока ќе се развива технолошката иновативност. Некои од можните сценарија се поврзани со скептицизам и предупредуваат на губење на работни места поради високиот степен на автоматизација, но во друго сме согласни, дека откриваат непознати посакувани димензии од денешната точка на гледање на реалноста.
Дигитализацијата влијае на повеќе аспекти на економијата - на пример, организацијата и понудите на компаниите, производствените системи и логистиката, однесувањето и искуството на потрошувачите, пазарот на трудот, трговијата и размената и уште многу други сектори.
Во денешната бизнис клима дигиталната економија има влијание на секој дел од организацијата на една компанија, вклучувајќи ја инфраструктурата, процесите, апликациите, вработувањето, врските, продажбата и продажните канали, каналите за дистрибуција и сл. Не само што дигиталниот бизнис ги трансформира луѓето, компаниите и индустриите, тој оди и на многу повисоко ниво, влијае и врз успешноста на националните економии. Пристапноста до бизнис круговите кои порано биле мерени во години, сега се мерат во денови. Победници ќе бидат компаниите кои навремено ќе се вклучат во современата бизнис технологијата.

Клучни зборови: дигитална економја, ИКТ, нова економија, дигитален екосистем

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Prof.d-r Riste Temjanovski
Date Deposited: 27 Jun 2022 07:45
Last Modified: 27 Jun 2022 07:45
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29896

Actions (login required)

View Item View Item