Дали и лошиот маркетинг е добар маркетинг?

Jovanov, Tamara (2022) Дали и лошиот маркетинг е добар маркетинг? Marketing 365, Skopje.

[thumbnail of Колумна] Text (Колумна)
objavena kolumna.pdf - Published Version

Download (185kB)

Abstract

Неретко, кај нас, но и пошироко, може да се слушне повторување и верување во тезата дека „и лошата реклама, е добра реклама“ или „и лош маркетинг, е добар маркетинг“. Ова е под претпоставка дека зборувањето за одреден бренд, дури и да е негативно, на крај ќе доведе до поголема свесност за истиот и следствено и поголема продажба. До извесен степен ова е разбирливо, бидејќи поширката јавност под маркетинг, најчесто подразбира продажба и реклама, затоа што ова се активностите со кои секојдневно се среќава во својот однос со компаниите.
Иницијално, тезата е поставена во 19ти век како „не постои лош публицитет“, од страна на претприемачот и основач на модерниот американски циркус, Phineas Taylor Barnum.
Сепак, мора да се запрашаме дали навистина е и точна?
Накратко, НЕ!
Ако ова беше вистина, брендовите немаше да применуваат кризен (PR) менаџмент, ниту ќе издаваа соопштенија на извинување, како вo примерот на Snickers во Шпанија, за пораката „Ти не си ти, кога си гладен“ или Volkswagen за промотивното видео за Golf 8; политичарите или јавните личности немаше да се грижат за својот кредибилитет и да менуваат PR агенции, туку ќе продолжуваа со своите замислени активности, без оглед на повратниот одговор од целната публика или пошироката јавност.
Малку подолго објаснување ја прикажува пошироката слика.

Item Type: Other
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Social Sciences > Media and communications
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Tamara Jovanov
Date Deposited: 13 May 2022 08:27
Last Modified: 13 May 2022 08:27
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29750

Actions (login required)

View Item View Item