Европско договорно право: Европска Унија: право и политики

Tusevska, Borka (2019) Европско договорно право: Европска Унија: право и политики. In: Европска Унија: Политики и право. Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, pp. 129-153. ISBN 978-608-244-595-3

[thumbnail of Европско договорно право Европска Унија.pdf] Text
Европско договорно право Европска Унија.pdf

Download (972kB)

Abstract

Во воведните аспекти на ова поглавје насловено како „Европско договорно право,“
ќе го елаборираме само пристапот на анализа на оваа проблематика, што (според нас) е
од икслучително битно значање за понатамошното истражување на истата. Оваа токму
поради фактот што во правната литература, најголем број реферетни автори од оваа област,
не заземаат јасен став на разграничување на европското договорно право како плод на
академските иницијативи (меко право) и договорното право на Европската Унија како
посебна правна гранка, базирано на директиви и регулативи, т.е., таканареченото “hard
law”.
Сосема свесни за разликите во овие два пристапи на анализа, под теоретската
квалификација „Европско договорно право“ ќе го вклучиме проучувањето на принципите,
начелата и ставовите на академската заедница и директивите и регулативите на ЕУ кои се
составен дел на националните законодавства на државите членки.
Во целокупната консултирана литература што ни беше на располагање, терминот
„Европско договорно право“ го сретнавме како во контекст на проучувањето на мекото
право, така и во контекст на проучувањето на примарното и секундарното законодавство на
ЕУ. Во прилог на овој пристап на елаборација стојат бројни становишта на релеватни автори
од оваа област, кои под концептот „Европско договорно право“ ги опфаќаат двата аспекти
на анализа и кои изречно укажуваат дека употребата на оваа теоретска класификација, во
контекст на примарното и секундарното законодавство на ЕУ е оправдана и во академска
смисла. Во контекст на ова е и становиштетo на еден од најголемите експерти од областа
на „Европското договорно право“ според кој „терминот Европско договорно право исто
така ги покрива и оние правила кои се на сила во сите држави членки на ЕУ, од причина
што тие имаат директна основа во Европското право, особено во Договорите за Европската
Унија (како клучни: Договорот од Мастрихт којшто е во сила од 1993 година и Договор
за Функционирање на ЕУ/Договорот од Рим, во сила од 1958 година),2
во Европските
регулативи и директиви, и во општите правни принципи развиени од Судот на правда на
ЕУ“ (Kötz, 2012).

Item Type: Book Section
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Borka Tusevska
Date Deposited: 08 May 2022 06:06
Last Modified: 08 May 2022 06:06
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29736

Actions (login required)

View Item View Item