Jovevska, Svetlana (2021) Анатомија на човекот - Прв дел. UGD Goce Delcev-Stip. ISBN 978-608-244-811-4
Full text not available from this repository.Abstract
Учебникот е наменет за студентите по медицинските науки. Неговата основна цел е да ја објасни анатомијата на човечкиот организам на живо и здраво тело, поради што се означува уште и како нормална анатомија.
Анатомијата на човекот, иако е биолошка дисциплина, се појавува и развива во најтесна врска со практичните потреби на хуманата медицина. Имено, без добро познавање на анатомските структури на живото и нормално човечко тело не е можно и изучувањето на промените кои настануваат во него при разни заболувања. Анатомијата, како предклинички предмет дава неопходна основа за изучување и разбирање на многу клинички дисциплини.Таа е особено важна и има посебна практична примена во хируршките дисциплини, за кои мора да се има точни и детални анатомски знаења и визуелна претстава за сите анатомски единици во одделни делови и регии на човечкото тело. Недоволните анатомски познавања можат пак да доведат до повреди на разни и многу важни елементи и органи во текот на некој медико-хируршки зафат или манипулација. Доброто познавање на анатомијата е неопходно и во рендгенологијата за правилно толкување на рендгенските снимки, односно точна дијагностика. Содржината во учебников е организирана, според анатомијата на горниот екстремитет или раката и долниот екстремитет или ногата.
Содржината во учебников ги опфаќа зглобовите, мускулите крвните садови, лимфниот систем и нервите на горниот и долниот екстремитет.
Анатомијата на наведените делови од горниот и долниот екстремитет на студентите по медицинските науки дава неопходни знаења за полесно изучување и совладување на клиничките и повеќето од предклиничките предмети и за успешно вршење на нивната идна професија.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Svetlana Jovevska |
Date Deposited: | 04 May 2022 08:49 |
Last Modified: | 04 May 2022 08:49 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29711 |
Actions (login required)
View Item |