Правописот во наставата по Македонски јазик во основното образование

Grkova, Marija (2022) Правописот во наставата по Македонски јазик во основното образование. Зборник на трудови од Шестата меѓународна научна конференција ФИЛКО филологија, култура и образование, 6 (VI). pp. 155-163. ISSN ISBN 978-608-244-871-8

[thumbnail of Grkova FILKO 6.pdf] Text
Grkova FILKO 6.pdf - Published Version

Download (3MB)

Abstract

Како што е познато, ортографијата, односно правописот на еден јазик го дефинираме како збир од нормирани правила и законитости на пишување на зборовите и на мислата. Правописот ги диктира и правилата за употребата на графичките и на интерпункциските знаци, а тоа значи дека во рамки на правописот влегува и писмото на еден јазик. По кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, првото издание од македонскиот правопис излегува далечната 1945 година, на 7 јуни. Неговото официјализирање се смета за еден од важните историски настани што го одбележаа систематизирањето и нормирањето на јазикот. Последното издание од македонскиот правопис е објавено во 2017 година кое, пак, претставува второ издание на Правописот од 2016 г. објавено во февруари од страна на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Врз основа на кажаното, а уште повеќе, врз основа на важноста од познавањето на правописот на еден јазик, ќе се обидеме да ги разгледаме методичките единици поврзани со правописот на македонскиот јазик во наставата по предметот Македонски јазик, како и тоа дали се доволно застапени со цел да ја разбудат љубовта на учениците кон правилното пишување и изразување на својата мисла.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marija Grkova
Date Deposited: 04 May 2022 07:53
Last Modified: 04 May 2022 07:53
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29683

Actions (login required)

View Item View Item