Stojanovska-Stefanova, Aneta and Runcheva-Tasev, Hristina and Magdinceva Sopova, Marija (2022) Комуникациски предизвици во мултикултурните општества. Филко - Зборник на трудови, 6 (6). pp. 307-314. ISSN 978-608-244-871-8
Text
Комуникациски предизвици во мултикултурните општества-Филко.pdf Download (3MB) |
Abstract
Дијалогот меѓу етничките заедници помага да се избегнат недоразбирањата и недовербата помеѓу различните групи на луѓе, за решавање на економските, социјалните,хуманитарните, културните и политичките проблеми со споделување на искуствата на национално, регионално, интер-регионално и меѓународно ниво.
Токму во таа насока медиумите играат исклучително важна улога во обликувањето на јавното мислење и треба да придонесуваат за меѓусебно разбирање меѓу припадниците
на различните етнички и верски заедници, преку зголемување на нивното знаење - едни за други.
Трудот има за цел да ја анализира улогата на медиумите во справувањето со предизвиците наметнати од начинот на комуникација во едно мултикултурното општество. Во мултиетнички општества, како македонското, медиумите имаат
суштинска улога кога станува збор за рефлектирање на културната разноликост, а начинот на кој медиумите ги отсликуваат одделните општествени групи може лесно да поттикне и низа негативни процеси и појави како што се стереотипи, ксенофобија, говор на омраза или етноцентризам.
Конвенционалните (традиционалните), но и новите медиуми, имаат голем потенцијал да го олеснат дијалогот меѓу етничките заедници во едно општество, но истовремено претставуваат и закана за одржувањето на баланс на односите во етнички разнолико општество.
Авторите ќе констатираат дека оваа цел е остварлива преку проширување на знаењата кои се однесуваат на различните вредносни системи и практики на другите културни, верски, етнички и социјални групи. Но, истовремено овој потенцијал
не е едноставно да се реализира, поради тоа што медиумите работат под различни ограничувања и влијанија, кои пак можат да доведат до кратковидно, еднодимензионално, стереотипно и пристрасно пренесување на настаните поврзани со другите култури и различности.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law Social Sciences > Media and communications Social Sciences > Other social sciences Social Sciences > Political Science |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Aneta Stojanovska |
Date Deposited: | 03 May 2022 11:47 |
Last Modified: | 03 May 2022 11:47 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29682 |
Actions (login required)
View Item |