Grkova, Marija (2021) Секциско предавање на тема Правописот во наставата по Македонски јазик во основното образование. In: Шеста меѓународна научна конференција „ФИЛКО“ - Филологија, култура и образование, 18- 9 Oct 2021, Online Conference. (Submitted)
Text
ФИЛКО 6 - програма_merged.pdf - Submitted Version Download (682kB) |
Abstract
Како што е познато, ортографијата, односно правописот на еден јазик го дефинираме како збир од нормирани правила и законитости на пишување на зборовите и на мислата. Правописот ги диктира и правилата за употребата на графичките и на интерпункциските знаци, а тоа значи дека во рамки на правописот влегува и писмото на еден јазик.
По кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, првото издание од македонскиот правопис излегува далечната 1945 година, на 7 јуни. Неговото официјализирање се смета за еден од важните историски настани што го одбележаа систематизирањето и нормирањето на јазикот. Претпоследното издание од Правописот насловено „Правопис на македонскиот јазик“ од 2015 година беше објавено во печатена форма под издаваштво на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје. Неговото реиздание, со извесни измени, излегува од печат во 2017 година во печатена форма и во електронска форма, којашто е достапна на слободен портал на интернет. Последното издание е под издаваштво на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и издавачката куќа „Култура“ во Скопје.
Врз основа на кажаното, а уште повеќе, врз основа на важноста од познавањето на правописот на еден јазик, во овој труд се разгледани методичките единици поврзани со правописот на македонскиот јазик во наставата по предметот Македонски јазик, како и тоа дали се доволно застапени со цел да ја разбудат љубовта на учениците кон правилното пишување и изразување на својата мисла.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Speech) |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Marija Grkova |
Date Deposited: | 03 May 2022 10:25 |
Last Modified: | 03 May 2022 10:25 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29662 |
Actions (login required)
View Item |