Туристичко право и политика во Бугарија и Северна Македонија

Metodijeski, Dejan and Andreeva, Jasmina and Filiposki, Oliver and Dzambazovski, Kristijan and Taleska, Milena and Todorovic, Emilija (2022) Туристичко право и политика во Бугарија и Северна Македонија. Туристика, Скопје. ISBN 978-608-4872-15-3

[thumbnail of Turisticko pravo i politika vo BG i MK.pdf] Text
Turisticko pravo i politika vo BG i MK.pdf

Download (665kB)

Abstract

Книгата „Туристичко право и политика во Бугарија и Северна Македонија“ е наменета за сите кои работат во секторот туризам и угостителството, за академската јавност, студентите, истражувачите, учениците, заинтересираните страни од приватниот, јавниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се поврзани со туристичкиот бизнис во двете земји. Книгата е изготвена со цел да се збогати постоечката литература поврзана со проблематиката на туристичкото право и туристичката политика во Бугарија и Северна Македонија.
Материјалот во книгата е поделен во две основни поглавја. Во првиот дел е опфатен материјалот кој се однесува на дефинирање и развој на туризмот и патувањата, дефинирање на туристичкото право, законската регулатива поврзана со туризмот во Бугарија и Северна Македонија, како и изучувањето на туристичкото право на високо образовните институции во Бугарија и Северна Македонија. Покрај тоа, опфатени се билатералните меѓународни договори во туризмот.
Во вториот дел од книгата е посветено внимание на содржини поврзани со поим и дефинирање на туристичката политика, меѓународните организации и националните туристички организации. Исто така, опфатени се институциите кои се одговорни за развојот на туризмот во Бугарија и Северна Македонија, стратешките документи за развој на туризмот на национално, регионално и локално ниво, невладините организации и туристичките инфо центри.
Покрај богатото природно и културно наследство во Бугарија и Северна Македонија, регулирањето на туристичката дејност преку туристичкото и право и организацијата на туризмот преку туристичката политика имаат свои специфики и соодветни карактеристики во двете земји.
Во книгата се прави обид да се даде основна анализа и преглед на состојбата со туристичкото право и туристичката политика во Бугарија и Северна Македонија.
Имајќи предвид дека ова е прво издание на книгата, можеби сме пропуштиле некои важни елементи поврзани со туристичкото право и туристичката политика во двете земји. За сите забелешки, мислења и коментари, авторите ќе Ви бидат благодарни и ќе ги земат предвид при создавањето на второто дополнето и проширено издание. Исто така, искажуваме благодарност и до сите наши колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедувањето на неопходните материјали за комплетирање на книгата, како и на рецензентите за укажаните искрени и конструктивни сугестии.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 06 Apr 2022 08:30
Last Modified: 06 Apr 2022 08:30
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29648

Actions (login required)

View Item View Item