Усвојувањето на граматичката категорија начин (според резултати добиени од учениците од основното образование во Штипско)

Grkova, Marija (2020) Усвојувањето на граматичката категорија начин (според резултати добиени од учениците од основното образование во Штипско). Зборник на трудови од Десеттиот научен собир на млади македонисти, 10 (Х). pp. 59-72. ISSN ISBN 978-608-234-074-6

[thumbnail of Marija Grkova trud X sobir mladi  makedonisti.pdf] Text
Marija Grkova trud X sobir mladi makedonisti.pdf - Published Version

Download (919kB)

Abstract

Како што е познато од граматиките за македонскиот јазик, глаголот е зборовна група која има најсложена структура во однос на сите други зборовни групи. Со оглед на тоа што припаѓа во менливите зборови (поделени според менливоста), кај глаголот се разликуваат и повеќе граматички категории, меѓу кои е и глаголскиот начин. Познато е и дека под глаголски начин го подразбираме нашиот однос кон глагол-
ското дејство во реченицата. Оттука, се разликуваат: исказен, заповеден и можен начин. Глаголскиот начин е застапен и како методска единица во наставните програми по предметот Македонски јазик, а согласно со нив и во акуелните учебници по предметот. Целна група на истражувањето се учениците од VI, VIII и од IX одделениe од Штипско, со оглед на тоа што во VI за првпат се среќаваат со глаголскиот начин, во VIII одд. се усвојува заповедниот начин, а во IX – можниот. Притоа, треба да се спомене дека вежбите што ќе бидат цел на анализа по овој повод, а кои се однесуваат на глаголскиот начин, ги издвојуваме од наменски составен тест по Македонски јазик. При подготовката на тестот имавме за цел вежбите да бидат директно врзани со нашата истражувачка тема, од една страна, а од друга, да земеме вежби во кои нема да правиме големи измени и да бидат прилагодени кон возраста и кон нивото на способноста на тестираната група ученици. Целта на овој труд е преку анализата на добиените резултати од учениците од VI, VIII и од IX одделение во Штипско, да се види колку го имаат усвоено глаголскиот на-
чин, предвиден да се усвои кон последните години од основото образование.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marija Grkova
Date Deposited: 03 May 2022 10:26
Last Modified: 03 May 2022 10:26
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29570

Actions (login required)

View Item View Item