Контрастивна граматика за два несродни јазика („Контрастивна граматика на турскиот и на македонскиот јазик“ од Марија Леонтиќ)

Grkova, Marija (2020) Контрастивна граматика за два несродни јазика („Контрастивна граматика на турскиот и на македонскиот јазик“ од Марија Леонтиќ). Палимпсест - Меѓународно списание за лингвистички, книжевни и културолошки истражувања, 5 (10). pp. 113-116. ISSN 2545-3998

[thumbnail of 3432] Text
3432 - Published Version

Download (2kB)

Abstract

Учебникот „Контрастивна граматика на турскиот и на
македонскиот јазик“ од Марија Леонтиќ е објавен во 2018 година.
Овој учебник, пред сé, е наменет за истоимениот предмет Констрастивна
анализа на турскиот и на македонскиот јазик којшто е задолжителен за студентите
во првиот семестар на Катедрата за турски јазик и книжевност на Филолошкиот
факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Содржината од граматиката за двата јазика е изложена на 220 страници и е
поделена, главно, на три основни поглавја: Фонетика и фонологија, Морфологија и
морфосинтакса и Синтакса, а на крајот од Граматиката се додадени речници за
граматичките и за лингвистичките термини на турски – македонски – англиски јазик и
на македонски – турски – англиски јазик. Во делото се застапени и содржината,
предговорот, списокот на скратувања користени во учебникот, користената
литература и биографијата на авторката, а секое основно поглавје понатаму се дели на
повеќе суштински глави, наслови и поднаслови од областа за која се пишува. Секое
поглавје детално го разгледуваме во трудот.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marija Grkova
Date Deposited: 22 Feb 2022 08:59
Last Modified: 22 Feb 2022 08:59
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29524

Actions (login required)

View Item View Item