Grkova, Marija (2020) Објективни тестови за мерење на постигнувањата на учениците и тестирањето во наставата. Палимпсест - Меѓународно списание за лингвистички, книжевни и културолошки истражувања, 5 (9). pp. 265-273. ISSN 2545-3998
Text
3320 - Published Version Download (2kB) |
Abstract
Објективните тестови кои служат за мерење на постигнувањата на
учениците во наставата претставуваат инструменти на техниката тестирање која, пак,
како една од истражувачките постапки ни служи за собирање податоци. Постојат
повеќе видови тестови и тоа во зависност од намената или, ако сакаме, во зависност
од тоа за што ни користат добиените податоци. Така, тестовите може да послужат за
мерење на постигнувањата на учениците/испитаниците, потоа тестирање на личноста
и особеностите поврзани со неа, тестирање на интелигенцијата, способностите итн.
Тестовите, меѓу другото, може да го мерат не само знаењето што
учениците/испитаниците успеале да го стекнат при учењето туку и квалитетот и
квантитетот на нивното знаење.
Иако мерните карактеристики на објективните тестови што се применуваат во
наставата се нестандардизирани, преку одговoрање на зададените вежби, задачи,
ставки, барања тестовите ги даваат потребните податоци за тоа што се истражува.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Marija Grkova |
Date Deposited: | 24 Feb 2022 11:27 |
Last Modified: | 24 Feb 2022 11:27 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29521 |
Actions (login required)
View Item |