Дополнителната настава – чекор кон успешен почеток на студирањето на јазиците

Grkova, Marija (2019) Дополнителната настава – чекор кон успешен почеток на студирањето на јазиците. Палимпсест - Меѓународно списание за лингвистички, книжевни и културолошки истражувања, 4 (8). pp. 187-191. ISSN 2545-3998

[thumbnail of 3056] Text
3056 - Published Version

Download (2kB)

Abstract

Делото „Дополнителната настава подготовка за поуспешно
студирање“ од авторките Нина Даскаловска, Драгана Кузмановска и Виолета Димова
е објавено во 2019 година, како резултат добиен од проектот „Дополнителната настава
во функција на подобрување на знаењата на студентите на Филолошкиот факултет“.
Од овој проект произлезе уште едно дело со наслов „Обработка на литературни дела
во наставата по Македонски јазик“ од Марија Иванова, Нина Даскаловска, Виолета
Димова и Драгана Кузмановска објавено истата година.
Во овие две дела се сумирани резултатите добиени од истражувањата
остварени во рамките на споменатиот проект спроведен на Филолошкиот факултет
при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип во периодот од точно две години
(септември 2017 – септември 2019). Првото споменато дело го сочинуваат вкупно 182
страници кои се поделени во десет наслови од кои четири се напишани на
македонски, а шест на англиски јазик. Кон нив се додаваат и прилози (Прилог 1 ‒
Примери на активности за имплицитно учење на англискиот јазик преку литературни
текстови; Прилог 2 ‒ Примери на активности за имплицитно учење на македонскиот
јазик преку литературни текстови; и Прилог 3 ‒ Тестови по македонски јазик пред и
по дополнителната настава). Во второто дело се разгледуваат повеќе литературни
текстови што е распределено на 110 страници што ја сочинуваат книгата. Во
воведниот дел авторката Даскаловска дава краток научен пристап кон користењето на
литературните текстови во наставата по јазик, најпрвин посочувајќи го вниманието на
читателите кон авторите кои аргументираат против, а потоа и кон оние што
аргументираат за употребата на автентични литературни текстови во оваа настава со
цел оспособување на учениците да комуницираат и во секојдневието, но и во
академскиот контекст.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marija Grkova
Date Deposited: 22 Feb 2022 08:49
Last Modified: 22 Feb 2022 08:49
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29518

Actions (login required)

View Item View Item