Kacarova, Bojana and Miloseva, Lence (2021) Анорексија нервоза кај адолесценти- Психопатологија и терапија. In: Студентска научна конференција за нутриција, 6 November, Virtual event. (Unpublished)
Text
trud B Kacareva L Miloseva.pdf Download (640kB) |
|
Text
BK.pdf Download (87kB) |
|
Text
programa na konferencija Kacareva & Miloseva.pdf Download (226kB) |
Abstract
Anorexia nervosa претставува нарушување во исхраната кое се карактеризира со прекумерно губење на телесната тежина, настанато како резултат на намерно изгладнување. Во основата на нејзината психопатологија се преценети идеи за перфектна физичка појава, кои имаат когнитивна природа. Токму ова е силна индикација за спроведување на когнитивно-бихејвиорална терапија (КБТ).
Целта на ова истражување е да се истакне значењето на напреднатата КБТ и импактот на трансдијагностичкиот принцип на третман, кои овозможуваат стратешки промени во oднесувањето и модифицирање на размислувањето. Истражувањето е работено според ПРИЗМА МОДЕЛ, со селекција на систематски прегледи и пребарување преку клучни поими од научна и
веродостојна литература.
Од обработените податоци може да се дојде до сознание дека преминотод период на пубертет, адолесценција, кон период на зрелост, е исполнет со низа предизвици и потешкотии.
Темелот на проблематиката е опседнатоста со сопствениот изглед, изложеноста на удар од критики од авторитативни личности за младите, а во екстремни случаи и растројства како анксиозност или опсесивно-компулсивно пореметување. Во однос на третманот, утврден е компатибилен состав на
психотерапија со прецизно дефинирани фази на спроведување на КБТ, а од големо значење е и семејната поддршка.
Клучни зборови: anorexia, адолесценција, перфекционизам, психопатологија, когнитивно бихејвиорална терапија.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Lence Miloseva |
Date Deposited: | 22 Feb 2022 08:48 |
Last Modified: | 22 Feb 2022 08:48 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29506 |
Actions (login required)
View Item |