Jovanova-Mitkovska, Snezana (2021) Математика низ збор, игра и разговор, за деца од 4-6 години, прирачник за воспитувачи и родители. ISBN ISBN: 978-9989-0-1272-3.
Text
Математика низ игра, збор и разговор, 4-6 год.pdf Download (133kB) |
|
Text
Содржина.pdf Download (137kB) |
Abstract
Градењето куќа започнува со ставање цврсти темели кои ќе бидат во можност
да ја издржат големината и тежината на конструкцијата за да биде стабилна во текот
на долги години. Но, не е доволно само да изградиме куќа, туку од неа треба да
направиме дом, а за тоа е потребно да вложиме многу љубов, истрајност, посветеност.
Така и кај децата учењето, воспитанието и образованието се процеси кои започнуваат
од моментот кога детето доаѓа на овој свет и траат во текот на целиот живот. Ако
целата своја љубов која произлегува од срцето, енергијата, посветеноста ја насочиме
и им ја дадеме на децата за кои се грижиме, тогаш цврстите темели поставени во
најраната возраст ќе им овозможат на децата можност за надградба, дополнување,
проширување, унапредување на вештините, способностите, знаењата низ и преку
игра, запознавајќи ја математиката која е насекаде околу нас. Развојните фази кај
децата ги следат одредени законитости кои од настанокот на човештвото до денес
не се сменети, сменети се само условите во кои децата растат, можностите кои им ги
нудиме на располагање ние возрасните и пристапот до нови современи средства за
работа и информатичко-компјутерска технологија.
Бидете сигурни дека сета љубов, енергија што ќе ја посветите, ќе ја вложите во
воспитување, образование на вашите деца ќе ви донесе голема среќа, затоа што ќе
создадете личност која ќе биде сигурна, среќна и подготвена за предизвиците кои ја
чекаат во одењето по патеката наречена живот.
Затоа овој прирачник им е посветен на најодговорните за воспитание и
образование на децата од најрана возраст, а тоа се, пред сè, родителите, а потоа
вторите мајки како што ги нарекуваат, воспитувачите, наставниците и сите оние кои
се грижат за правилен раст и развој на децата, нашата иднина.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Snezana Jovanova |
Date Deposited: | 15 Feb 2022 07:36 |
Last Modified: | 15 Feb 2022 07:36 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29461 |
Actions (login required)
View Item |