Galeva, Jordanka (2021) Компаративна анализа на мултикултурализмот во азербејџанското и македонското општество. In: 30th International Scientific Conference “Knowledge without borders”, 16 Apr 2021, Vrnjacka Banja, Serbia.
Text
PROGRAM VB_2021 (1).pdf - Published Version Download (208kB) |
|
Text
COMPARATIVE ANALYSIS OF MULTICULTURALISM IN AZERBAIJANI AND MACEDONIAN SOCIETY.pdf - Published Version Download (543kB) |
Abstract
Земајќи го во предвид конститутивниот елемент на државата, според македонскиот устав (од 1991) и азербејџанскиот устав (од 1995) конститутивен народ е мнозинскиот народ, односно азербејџанскиот во Азербејџан и македонскиот народ во Македонија, со таа разлика што во македонскиот случај се наведува дека ќе се обезбедува целосна граѓанска рамноправност и трајно сожителство на македонскиот народ со Албанците, Турците, Ромите, Власите и други националности, додека во азербејеџанскиот устав се објаснува дека народот на Азербејџан се граѓаните на Република Азербејџан кои живеат на и надвор од нејзината територија. Иако етничките азербејџанци претставуваат 91.6% од вкупното население, азербејџанскиот устав го промовира граѓанскиот принцип на конститутивност, додека во македонскиот случај иако 33% од населението не припаѓа на мнозинскиот народ, уставот се води од националниот принцип, односно носител на конститутивноста е 67% од населението. Ваквата поставеност во Преамбулата, која претставува свечена декларација и составен дел на македонскиот устав, не значеше дека другите националности кои се граѓани на Македонија се дескриминирани или занемарени, напротив во уставот се обезбедени посебни права за заштита на припадниците на националностите и за развој на нивниот идентитет. Понатаму, според уставните одредби и во двете држави се одредува кој е службен јазик на државата (азербјеџнаскиот во Азербејџан, македонскиот во Македонија) и се гарантира развој на другите јазици кои не се службени, со таа разлика што во македонскиот случај се прецизира во кои случаи се употребува друг службен јазик, различен од македонскиот. Во однос на религиозното прашање, и двата устави го обезбедуваат правото на слободна вероисповест, повторно со една разлика, што во македонскиот случај уставот ја споменува Македонската православна црква и гарантира еднаквост на другите верски заедници и религиозните групи со неа.
Клучни зборови: мултикултурализам, уставни одредби, малцински права, Азербејџан, Македонија
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Additional Information: | https://ikm.mk/2021/03/22/30th-international-scientific-conference-knowledge-without-borders-vrnjacka-banja-serbia-16-18-04-2021/ |
Subjects: | Social Sciences > Law Social Sciences > Political Science |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Jordanka Galeva |
Date Deposited: | 28 Feb 2022 10:47 |
Last Modified: | 28 Feb 2022 10:47 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29403 |
Actions (login required)
View Item |