Перцепција на слободата на изразување на медиумските работници во Западниот регион на Република С. Македонија

Koroveshovska, Iskra and Galeva, Jordanka and Majhosev, Andon and Denkova, Jadranka (2021) Перцепција на слободата на изразување на медиумските работници во Западниот регион на Република С. Македонија. In: 8th International conference “Social changes in the global world”, 2-3 Sept 2021, Stip, N. Macedonia.

[thumbnail of Final program  ,,SOCIAL CHANGES IN THE GLOBAL WORLD-2021.pdf] Text
Final program ,,SOCIAL CHANGES IN THE GLOBAL WORLD-2021.pdf - Published Version

Download (750kB)

Abstract

Правото на слобода на изразување е едно од основните човекови права кој на граѓаните во Република С. Македонија е им е загарантирано преку уставниот член 16. На меѓународно ниво ова право е дел од Универзалната декларација за човекови права, Европската Конвенција за заштита на човекови права, Меѓународните пактови (за граѓански и политички права и за економски, социјални и културни права) и други правни акти кои воедно се ратификувани и во нашата држава. Уставниот член 16 ја гарантира слободата на говорот, јавното информирање, слободен пристап кон информации, примање и пренесување на информации како и слободно основање на институции за јавно информирање. Со цел да се добијат конкретни резултати во однос на импелементацијата на овие права, во трудот е направена анализа чиј предмет е токму перцепцијата на медиумските работници за слободата на изразување, за степенот на цензура и автоцензура на медиумските работници како и за причините кои влијаат врз ограничувањето на ова право. Истражувањето ги опфати медиумските работници од медиумите во Западниот регион на Република С. Македонија. Основно истражувачко прашање по кое се водеше истражувањето е "Каква е перцепцијата на медиумските работници за степенот на слободата на изразување во Западниот плански регион на Република С. Македонија?"

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Additional Information: https://conflaw.ugd.edu.mk/2021/session/politics-society-and-media/
Subjects: Social Sciences > Media and communications
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Jordanka Galeva
Date Deposited: 17 Feb 2022 14:49
Last Modified: 17 Feb 2022 14:49
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29400

Actions (login required)

View Item View Item