Изведба на пиезометри за дефинирање на можни патишта на движење на шестовалентен хром со подземните води низ жеденскиот масив кон изворот Рашче

Mihailovski, Stojan and Iliovski, Zlatko and Andov, Ivica and Mircovski, Vojo (2021) Изведба на пиезометри за дефинирање на можни патишта на движење на шестовалентен хром со подземните води низ жеденскиот масив кон изворот Рашче. In: Четврт Kонгрес на Геолозите на Република Македонија Fourth Congress of Geologists of Republic of Macedonia.

[thumbnail of Vojo 2.pdf] Text
Vojo 2.pdf

Download (1MB)
[thumbnail of geologica_macedonica_2021-5-1-11- Voved.pdf] Text
geologica_macedonica_2021-5-1-11- Voved.pdf

Download (1MB)

Abstract

Изведбата на два пиезометри во Жеденскиот карбонатен масив е со цел дефинирање на можни патишта на движење на Cr6+ со подземните води кон изворот Рашче. Изворот на
загадување е индустриската депонија Југохром. Досега изведните пиезометри и испитувања поврзани со загадувањето со Cr6+ биле реализирани во неврзаните седименти и на контактот помеѓу
Полошката котлина и Жеден, а сега се изведени пиезометри во Жеденскиот карбонатен масив и во
правец на движење на подземните води. Индустриската депонијата Југохром се наоѓа на растојание
од околу 30 km од градот Скопје, во зона на прихранување на изворот Рашче. На исток од депонијата
на околу 100 m почнува Жеденскиот карбонатен масив, во кој се наоѓа карстен издан кој го прихранува изворот Рашче. Депонијата е резултат од работењето на комбинарот Југохром во периодот
од 1955 до 2016. Помеѓу останатото во депнијата има количина од околу 350000 t бихроматно блато,
кое во својот состав содржи Cr6+
. Депонијата континуирано продуцира загадување со Cr6+ во плитките подземни води во зоните на прихранување на изворот Рашче, односно неврзаните седименти
од Долен Полог околу депонијата и низводно во реката Вардар, што е сериозна закана од можно
загадување на подземните води во Женскиот карбонатен масив и изворот Рашче. За дефинирање на
можните патишта на транспорт на хромот со подземните води низ Жеденскиот масив изведени се
два пиезометри П-1 (длабок 220 m) и П-2 (длабок 435 m). Покрај останатите добиени резултати со
ниванта изведба, од нив се земени примероци од вода за анализи. Резултатите од анализите покажаа
дека, во однос на максимално дозволената концентрација (МДК) на Cr6+ (0,01 mg/l), во П-1 детектирана е концентрација на Cr6+ во граници на дозволеното (0,002 mg/l), додека во П-2 детектирана
е за 3,6 пати зголемена концентрација на Cr6+ (0,036 mg/l).
Клучни зборови: шестовалентен хром, депонија, подземни води, загадување, Жеден, извор Рашче

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Gorgi Dimov
Date Deposited: 15 Feb 2022 06:53
Last Modified: 15 Feb 2022 06:53
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29397

Actions (login required)

View Item View Item