Josifovic, Ivica and Kambovski, Igor (2021) Повелбата за основните права и пристапувањето на Европската унија кон Конвенцијата за човекови права – постапка, преговори и неодамнешен развој. Осма меѓународна научна конференција - Општествените промени во глобалниот свет - зборник на трудови, 8. pp. 153-168. ISSN 978-608-244-837-4
Text
Proceedings Vol.1 final 2021 - split.pdf - Published Version Download (4MB) |
Abstract
Уставната рамка на Европската унија (ЕУ) денес содржи импресивна низа одредби за човекови права. Договорите декларираат дека Унијата е основана на почитување на
човековите права, даваат правно-обврзувачки ефект на Повелбата на ЕУ за основните права и го овластуваат пристапувањето на ЕУ кон Европската конвенција за човекови
права (ЕКЧП). Договорите бараат сите држави-членки да ги прифатат овие вредности и притоа е вклучен механизам на санкции за постоечките држави-членки кои сериозно и
постојано ги повредуваат таквите права. Членот 19 од Договорот за функционирање на Европската унија (ДФЕУ) содржи правна основа за силен анти-дисриминирачки режим на ЕУ, додека главна основа за рамката за човекови права во ЕУ е членот 6 од Договорот за Европската унија (ДЕУ). Целта на овој труд е да се претстави постапка на пристапување на ЕУ кон ЕКЧП, како и последните измени во меѓусебните преговори. Се работи за пристапување кое има за цел да ја прифати Европската унија и нејзините институции како договорни
страни против кои може да се поднесуваат апликации и да се покренуваат постапки за евентуални прекршувања на човековите права предвидени со ЕКЧП. Процесот е одамна започнат и трае долго, но на крајот треба да доведе до конечно пристапување на ЕУ кон ЕКЧП. Авторите во овој труд, освен што ја објаснуваат постапката на пристапување, ги изнесуваат и своите ставови и гледишта во поглед на натамошните преговори меѓу двете страни.
Клучни зборови: Повелба, ЕУ, ЕКЧП, Суд на правда, Стразбур
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Ivica Josifovik |
Date Deposited: | 18 Feb 2022 08:52 |
Last Modified: | 18 Feb 2022 08:52 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29396 |
Actions (login required)
View Item |