Визната политика на Европската Унија во договорот од Лисабон: предизвици и перспективи

Josifovic, Ivica and Kambovski, Igor (2021) Визната политика на Европската Унија во договорот од Лисабон: предизвици и перспективи. Четврта Меѓународна Научна Конференција Предизвиците во туризмот и бизнис логистиката во 21 век - Зборник на трудови, 4. pp. 109-119. ISSN 978-608-244-824-4

[thumbnail of Зборник Конф. ФТБЛ 2021-pages-1-7,12,109-119_compressed.pdf] Text
Зборник Конф. ФТБЛ 2021-pages-1-7,12,109-119_compressed.pdf - Published Version

Download (287kB)

Abstract

Трудот има за цел да ја претстави визната политика во рамки на Европската унија според Договорот од Лисабон и се концентрира на тешкотиите во креирањето на заедничка визна
политика на европско ниво. Соработката за визи се карактеризира со континуирано преформулирање на рамката за соработка. Трудот ја опишува соработката и еволуцијата на
Шенгескиот систем и последните измени со Договорот од Лисабон, следејќи ги суштинските карактеристики на заедничката визна политика - ограничување, флексибилност и зависност од активностите како на институциите, така и на државите-членки. Од формирањето на Шенгензоната, управувањето со границите во рамки на Европската унија и заедничката политика за визи се меѓу областите кои претрпеа најмногу измени со Договорот од Лисабон. Сето тоа овозможува
поголема контрола во однос на тоа кој може да има пристап до Шенген-зоната за краток престој што не надминува три месеци во секој шестмесечен период. Фокусирајќи се на најновата
реформа на Заедничкиот кодекс за визи, кој стапи на сила во 2020 година, трудот упатува дека новиот пристап кон условеноста во правото на миграција на ЕУ го консолидира поврзувањето помеѓу визната политика на ЕУ и соработката за реадмисија. Сепак, трудот дава критика на новиот механизам, додека Европската комисија има мандат да предложи конкретни мерки на ограничување поврзани со обработката на визите во случај на недостаток на соработка, особено за реадмисија. На крајот, трудот преку заклучокот ги нагласува дискриминаторските ефекти од визната политика на ЕУ и влијанието врз соработката со трети држави.
Клучни зборови: виза, визна политика, реадмисија, Заеднички кодекс, дискриминација

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Ivica Josifovik
Date Deposited: 14 Feb 2022 11:48
Last Modified: 14 Feb 2022 11:48
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29395

Actions (login required)

View Item View Item