Arsova, Monika (2021) Дигитален маркетинг – главна алка во градењето „пост-ковид“ дигитално општество. Center for Innovation and Development INOS Prilep.
Text
Дигитален маркетинг – главна алка во градењето „пост-ковид“ дигитално општество.pdf - Published Version Download (693kB) |
Abstract
Општеството денес е сè повеќе дигитализирано и поврзано, преку компјутерите и другите уреди кои посредуваат во животот на индивидуата на еден или друг начин. Тоа е апстрактна појава која тешко се разбира, а степенот на дигитализација претставува предизвик кој е предмет на анализа во секое општество. Почетокот на пандемијата предизвикана од Ковид-19, во почетокот на 2020година, принуди милиони луѓе да ги променат нивните дневни навики и да ја применуваат дигиталната технологија.
Големи промени настанале во рамки на каналите на маркетингот, односно преминот од традиционални кон дигитални, модерни канали на поврзување со потрошувачите. Денешниот потрошувач бара многу повеќе внимание, личен однос од страна на претпријатието, почесто известување и пласирање информации кои се лесно достапни за него. Иновациите во маркетинг каналите претставуваат прв чекор во креирањето дигитално општество во периодот на пандемијата, но и после неа. Креирањето на дигитално општество подразбира поголемо поврзување, синхронизирање и адаптирање на светските пазари и создавање поголеми вредности за потрошувачите.
Покрај изедначувачкиот потенцијалот кој дигитализацијата како процес го има, сепак дигиталното општество е далеку од утопично со оглед на тоа што сеуште може да се видат социјалните и економски нееднаквости помеѓу потрошувачите.
Клучни зборови: дигитализација; канали на маркетинг; информации; потенцијал;
нееднаквости
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Monika Arsova |
Date Deposited: | 08 Feb 2022 11:35 |
Last Modified: | 22 Nov 2024 12:25 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29260 |
Actions (login required)
View Item |