Vitanova-Ringaceva, Ana (2020) Сказната како артефакт (кон книгата „Араптази“ волшебни народни приказни од Струмица и Струмичко, собрани и приредени од Иван Котев, Струмица 2020 год.). Араптази - Македонски народни волшебни приказни од Струмица и Струмичко. ISSN 978-608-66227-9-4
Text
Сказната како артефакт - Предговор кон книгата „Араптази“'.pdf Download (25MB) |
Abstract
Волшебните народни приказни се најколоритни, мотивски најбогати и најраскошни единици на фолклорот и тие, покрај приказните за животни, се сметаат за најстар вид усна проза. Нема конкретно време и место на нивното создавање и пресоздавање. Тие се кажувале на секое место и во секое
време кога човекот бил и физички и умствено активен. Колективната работа по полето и дома, подразбирала учество на поголема група луѓе кои во исто време биле кажувачи, но и слушатели. Народните приказни се кажувале, прераскажувале, видоизменувале и пренесувале секогаш кога било возможно да се оствари односот информатор – слушател. Нашите предци го правеле тоа сосема спонтано, природно им се наметнувала потребата да посакаат само за момент да го напуштат реалниот свет, што подразбирал тежок и макотрпен живот и да заминат во светот на фантастичното и семожното.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ana Ringaceva |
Date Deposited: | 04 Feb 2022 08:29 |
Last Modified: | 04 Feb 2022 08:29 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29216 |
Actions (login required)
View Item |