Заштита на правото на здрава животна средина низ праксата на Eвропскиот суд за човекови права

Doneva, Natasa and Gazepova, Veronika (2020) Заштита на правото на здрава животна средина низ праксата на Eвропскиот суд за човекови права. Правен дијалог бр. 21. ISSN 1857-7644

[thumbnail of Наташа Донева Вероника Заштита на правото на здрава животна средина низ праксата на Европскиот.pdf] Text
Наташа Донева Вероника Заштита на правото на здрава животна средина низ праксата на Европскиот.pdf

Download (335kB)

Abstract

Одржувањето на здрава животна средина претставува еден од гигантските предизвици на
21 век. Состојбата во која таа се наоѓа со години, го нарушува целиот екосистем на планетата
Земја. Во контекст на ова зборуваат најразлични извештаи на борците за заштита на животната
средина, а кои постојано укажуваат на многубројни загадувачи на столбовите на природната
средина, како нафта, хемикалии, отрови кои го уништуваат во целост нејзиното развивање. Меѓу
позначајните се: атмосферско загадување, загадување на морињата, глобално затоплување и
појава на озонски дупки, нуклеарни штети. Енормното загадување на животната средина дати-
ра уште со процесот на индустријализацијата, карактеристичен за минатиот век. Изградбата на
фабриките, дополнително придонесе да се зголеми загаденоста и на морињата и на океаните.
Последица на ова е повредата на основните човекови права.
Правото на здрава животна средина претставува признато право од најзначајните меѓуна-
родни документи. Наспроти многубројни дисциплини кои се правно признати, правото на здра-
ва животна средина не е целосно признато и во теоријата постојат многу дилеми за неговиот
статус. Иако дејствува пополека, ова право, сепак, е дел од Европската конвенција за заштита
на човековите права и основни слободи (ЕКЧП). Од широката лепеза на пресуди на Европскиот
суд за човекови права (ЕСЧП), може да се забележи дека ова право е индиректно имплементи-
рано и се гарантира негова заштита со повеќе членови. Со текот на годините, заштитата на жи-
вотната средина, добива се поголема улога и потребно е истата да биде целосно набљудувана.
Клучни зборови: Право на здрава животна средина, ЕКЧП, ЕСЧП, загадување, здравје.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Natasa Doneva
Date Deposited: 01 Feb 2022 08:47
Last Modified: 21 Aug 2023 11:51
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29190

Actions (login required)

View Item View Item