Солидарност и екстернализација на безбедноста во Европската политика за миграција и азил. Можен двоен концепт?

Nikodinovska Krstevska, Ana (2021) Солидарност и екстернализација на безбедноста во Европската политика за миграција и азил. Можен двоен концепт? Conference proceedings of the Eighth International Scientific Conference Social Changes in the Global World, 2. pp. 409-421. ISSN 978-608-244-840-4

[thumbnail of 4709-Article Text-8078-2-10-20211224.pdf] Text
4709-Article Text-8078-2-10-20211224.pdf

Download (457kB)

Abstract

Бегалската криза од 2015-2016 длабоко влијаеше врз Европската унија и врз земјите членки, предизвикувајќи еден вид на системски колапс на европската политика за миграција и азил, и притоа оставајќи голема поделба помеѓу земјите членки на ЕУ. Различни обиди беа направени за да ја олеснат солидарноста во Унијата и да создадат еден договорно-заснован механизам којшто би обезбедил подеднакво споделување на одговорноста за барателите на азил помеѓу земјите членки, но сепак овие активности не произведоа конкретни резултати. Напротив, соработката со трети земји беше зацврстена, особено во насока на обезбедување на границите на Европската унија, со цел да се намали бројот на нерегуларни мигранти и да се превенира нелегална миграција. Тргнувајќи од тоа, наспроти внатрешната солидарност, која се однесува на солидарноста помеѓу земјите членки, помеѓу Европската унија и нејзините земји членки, како и помеѓу европските граѓани и државјани на трети земји коишто живеат
во ЕУ; Европската унија ја зацврсти надворешната солидарност којашто се однесува на солидарноста од ЕУ кон лица коишто се наоѓаат во трети земји коишто бегаат од војна, од прогон, од глад, од насилни конфликти во нивната земја на потелко и солидарност со трети земји коишто ги прифаќаат тие бегалци во сосоедните земји. Засновувајќи се на тоа, во трудот ќе бидат разгледани принципот на солидарност на Европската унија низ неговата внатрешна и надворешна димензија, и можното совпаѓање на надворешната димензија на солидарноста со екстернализацијата на безбедноста во политиката за
азил и миграција на Европската унија.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Social Sciences > Political Science
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Ana Nikodinovska Krstevska
Date Deposited: 01 Feb 2022 08:45
Last Modified: 01 Feb 2022 08:45
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29183

Actions (login required)

View Item View Item