Nikodinovska Krstevska, Ana and Kosevaliska, Olga (2021) Миграција и азил: национална, меѓународна и европска рамка / Migration and Asylum: National, International and European Framework. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Скопје. ISBN 978-608-244-862-6
Text
Migracija i azil_konecna verzija_2022_final.pdf Download (19MB) |
Abstract
Публикацијата „Миграција и азил: национална, меѓународна и европска рамка“ преставува збирка од академски и експертски трудови од областа на миграцијата и азилот опишани низ призмата на националната, меѓународната и европската законодавна рамка. Тие се резултат од дел од предавањата коишто ги подготвија авторите во рамките на проектот Жан Моне Мрежи „Системи на политики за миграција и азил - МАПС“ (Jean Monnet Network on Мigration and Asylum Policies Systems – MAPS), во којшто Правниот факултет, УГД - Штип е партнер институција. Во публикацијата учествуваат шест автори кои поттекнуваат од различни научни и експертски области. Елена Максимова, доцент на Правен факултет
при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и активен истражувач во рамките на проектот МАПС, во својот ракопис ја разработува Европската мигрантска криза низ призмата на повредата на човековите права и основни слободи загарантирани со Европската конвенција за човекови права. Во таа насока,Жанета Попоска, вонреден професор на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, прави паралела и ја опишува заштитата на бегалците и бегалките и нивното право на азил како во правото на Европската унија така и во Европската конвенција за човекови права. Понатаму, Ирена Здравкова, истражувач во рамките на Македонското здружение на млади правници, детално ги разработува процедуралните гаранции за забрана од протерување на странци
и правни лекови пропишани во Европското законодавство. Во ракописот на Милица Шутова, доцент на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и активен истражувач во рамките на проектот МАПС и на Александар Димовски, тренер – специјалист за човекови права на Фронтекс за Република Македонија, се прави еден интересен теоретско-практичен приказ на основните човекови права на бегалците-мигрантите за време на миграциските текови. Олга Кошевалиска, вонреден професор на Правен факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, истовремено заменик раководител на проектот МАПС како и активен истражувач во проектот, се осврнува на системот на азил согласно македонското законодавство, изнесувајќи ги основните законски и подзаконски норми поврзани со остварување на правото на азил во Република Македонија. На крај, Светлана Јакимовска, вонреден професор на Филолошки факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, прави едно мошне интересно истражување за јазикот како важен показател на општествено-културниот идентитет, при што го разработува значењето на писменоста и на образованиете за целосна интеграција на мигрантите и за активно граѓанство. Во рамките на оваа публикација повторно се објавува Каталогот насловен „Фемиграции“ – уметност за бегалците, претходно објавен во 2018 година, како резултат на изложбата ФЕМИГРАЦИИ која се спроведе во рамки на Проектот на УСАИД за заштита на правата на бегалците и мигрантите, имплементиран
од Македонското здружение на млади правници во периодот 2016-2019 година. „Фемиграции“ содржи уметнички дела кои ја лоцираат жената како централен фокус на миграцискиот феномен, и го прикажуваат нејзиниот лик како низ историјата така низ современоста, осврнувајќи се на нејзините најразлични општествени улоги. Во Каталогот учествуваат вкупно 21 уметници, кои што користејќи најразлични техники ја доловуваат реалноста за женската миграција. Тоа се: Елизабета Аврамовска, Маргарита Киселичка, Јана Манева
Чупоска, Славица Јанешлиева, Гордана Вренцоска, Марија Ветеровска, Зорица Зафировска, Ана Ивановска, Христина Зафировска, Ана Лазаревска, Михаела Јовановска, Шќипе Мехмети, Јана Јакимовска, Наташа Кубуровска, Ана Миланова, Кристина Божурска, Весна Аранѓеловиќ, Љуљзиме Османи, Ирина
Ацеска, Ангела Наневска и Агнеса Чаволи.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law Social Sciences > Political Science |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Ana Nikodinovska Krstevska |
Date Deposited: | 26 Jan 2022 08:45 |
Last Modified: | 26 Jan 2022 08:45 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29105 |
Actions (login required)
View Item |