Koleva, Blagica and Gorgieva-Trajkovska, Olivera and Krsteva, Viktorija (2021) Современите методи за пресметка на трошоците како основа за подобрување на конкурентската предност на компаниите. Годишен зборник, Економски факултет. ISSN 1857-7628
Text
Zbornik_ekonomski_fakultet_2021-22.pdf Download (3MB) |
Abstract
Апстракт. Управувањето со трошоците значи нивно рационално намалување со основна
цел зголемување на профитабилноста на компаниите. Ефикасното управување со трошоците
овозможува реализација на поставените цели на работењето и остварување конкурентска предност
на компаниите на пазарот. Ова всушност значи поефикасна употреба на расположивите ресурси
и строга контрола на трошоците, преку намалување на активностите што резултираат со високи
трошоци. Поради интензивните промени во технологијата и пазарните услови, традиционалните
сметководствени системи за пресметка на трошоците станале несоодветни. Тие се појавиле во време
кога многу компании имале мал обем на производство, а директната работна сила и материјалите
биле главните трошоци на производството. Денес, ситуацијата е значително променета. Компаниите
произведуваат во големи размери, директната работна сила има мал удел во вкупните трошоци, а
оперативните трошоци се зголемуваат.
Во обид за поефикасно управување со трошоците развиени се бројни современи методи за
нивна пресметка, со што се овозможува донесување на оптимални деловни одлуки и зголемување
на успешноста во работењето на компаниите.
Клучни зборови: трошоци, управување, пресметка, методи, одлучување, современи
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Olivera Trajkovska |
Date Deposited: | 26 Jan 2022 08:26 |
Last Modified: | 26 Jan 2022 08:26 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29087 |
Actions (login required)
View Item |