Даноци и цаночно сметководство

Dimitrova, Janka (2021) Даноци и цаночно сметководство. GOCE DELCEV UNIVERSITY - STIP FACULTY OF ECONOMICS.

Warning
There is a more recent version of this item available.
[thumbnail of ДАНОЦИ И ДАНОЧНО СМЕТКОВОДСТВО -.pdf] Text
ДАНОЦИ И ДАНОЧНО СМЕТКОВОДСТВО -.pdf - Accepted Version

Download (3MB)

Abstract

Идејата за отпочнување со бизнис подразбира поседување капитал за отпочнување со истиот, бизнис план и постоење на пазар, односно потрошувачи. Од правно формален аспект, во Република Македонија за да може да се функционира на пазарот треба да се регистрира фирма, односно правно лице. Основањето фирма во Република Македонија се врши со упис во трговскиот регистар кој се води во Централниот регистар на Република Македонија. Уписот за основањето на фирма во Централниот регистар на РМ се врши исклучиво по електронски пат (Систем за е- регистрација) преку регистрациони агенти.
Формата на трговски друштва кои може да се основаат е пропишана со законот за трговски друштва. По основањето настанува обврската за почитување на законската рамка пропишана со законот за облигациони односи што подразбира дека деловниот субјект во односите со други лица треба да ги почитува договорите (писмени и усни во врска со набавките, продажбите, плаќањето и наплатата).
Интерес за работењето на деловниот субјект имаат голем број корисници како што се инвеститорите, акционерите, основачите, работниците, државните органи, купувачите, добавувачите и други интересенти - стеикхолдери. Сите тие го наоѓаат својот интерес во доброто работење, просперитетот и профитабилноста на деловниот субјект во кој инвестираат. Законот за хартии од вредност исто така ја пропишува рамката за емисија на хартии од вредност преку која деловните субјекти можат да мобилизираат капитал за финансирање на своите развојни планови и проекти.
Развојот на информационата технологија и комуникациите овозможија брзо ширење на бизнисот низ целиот свет, со што се избришани или не постојат трговските и инвестициските бариери - граници. Токму затоа се јави потребата од воведување на унифицираност во изготвувањето на финансиските извештаи за работењето на деловните субјекти низ целиот свет.
Со воведувањето на меѓународните сметководствени стандарди (МСС) и нивното прифаќање од голем број земји се избегнува шареноликоста во презентирањето на податоците за финансиската состојба на стопанските субјекти и примена на општоприфатената рамка за финансиско известување. Напоредно со воведените МСС и меѓународните ревизорски стандарди (МРС) нудат унифицираност при вршењето на ревизијата на финансиските извештаи и при изразувањето на независно ревизорско мислење.
Овластените сметководители и овластените ревизори се организирани во Институтот на сметководители/овластени сметководители односно во Институтот на овластени ревизори, со цел подигање на кредибилитетот на професиите и приклучување кон меѓународната асоцијација на овластени сметководители – ИФАК.
Основната задача на овластените сметководители е подготовка на точни и веродостојни финансиски извештаи кои ја презентираат финансиската состојба, финансиската успешност, промената на капиталот, паричните текови и сметководствените политики. Од друга страна, пак, ревизорите со професионален скептицизам ја потврдуваат веродостојноста на информациите презентирани во финансиските извештаи, односно дали истите не содржат материјални значајни пропусти и грешки.
Вработените пак се од исклучителна важност за успехот на секој деловен субјект. Тие како стеикхолдери особено се заинтересирани дали и како компанијата ќе продолжи да работи, бидејќи од успешноста на компанијата зависи дали редовно и колкав износ на плата ќе земаат за да можат да ги задоволуваат своите лични и семејни потреби. Дали компанијата навреме ќе исплати плата бидејќи со плаќањето на придонесите за социјално осигурување зависи и користењето на правата за пензиско и здравствено осигурување.
Даноците се јавен приход кој произлегува од обврската што ја наложува државата кон граѓаните и на претпријатијата задолжително да издвојуваат дел од својот приход, промет или имот за задоволување на државните потреби. Основната функција е фискална, но многу често даноците се користат за постигнување на определени економски и социјални цели, остварување на стабилизационата политика и за сузбивање на инфлацијата.
Основни елементи на секој даночен систем се:
Предмет на оданочување
Предмет на оданочување се: приходите, прометот и имотот. Определување на предметот (објектот) на оданочување значи истовремено определување и на видовите даноци кои ќе се плаќаат.
Даночен обврзник
Важно прашање за секој вид данок е - кој е даночниот обврзник, или даночен исплатител, на чиј товар паѓа данокот, но и кој треба да го плаќа данокот? Носители на даночната обврска се субјектите кои остваруваат некоја дејност и имаат различен организациски облик, како и граѓаните.
Даночна основица
Даночна основица е оној обем и износ од предметот на оданочување врз кој се пресметува данок. На пример, даноците на потрошувачка (индиректните даноци) вообичаено е да се плаќаат на извршениот промет на добра или услуги, а данокот на доход (директни даноци) да се плаќа на сите приходи што ги има граѓанинот по сите основи во текот на една година.
Даночна стапка
Даночната стапка е процентот, делот што треба да се плати во вид на данок на утврдента даночна основа. Ако даночната стапка е утврдена на 10%, тоа значи дека толкав процент применет на даночната основа треба да се плати како данок на државата.
Најчесто се практикуваат два вида даночни стапки:
- Пропорционални и
- Прогресивни
Плаќањето на данок по пропорционална стапка значи да се плаќа данок секогаш со иста стапка, независно од големината на прометот или приходот. Прогресивните стапки воглавно се користат за оданочување на доход, добивки или приходи, и значат примена на стапки кои се зголемуваат со зголемување на основата, според износи лимитирани со закон.
Видови даноци
Поделба на даноците во нашиот даночен систем се врши на следниот начин: Даноци на доход (директни даноци)
Даноци на потрошувачка (индиректни даноци) Даноци на имот
Придонеси од задолжително социјално осигурување
Почитувањето на законската регулатива која се однесува на даночните обврски на деловните субјекти е од исклучителна важност. Ова дотолку повеќе што, со правилно пресметување, евидентирање и навремено плаќање на даночните обврски, се минимизира можноста за соочување со казни, глоби и кривични пријави како за самата компанија така и за одговорното лице на истата. На тој начин се подига јавниот углед и почит во деловниот свет.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Janka Dimitrova
Date Deposited: 26 Jan 2022 08:22
Last Modified: 26 Jan 2022 08:22
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29080

Available Versions of this Item

Actions (login required)

View Item View Item