Vitanova-Ringaceva, Ana (2021) ДВЕ ГОДИШНИНИ – ДВА СТОЖЕРНИ ВЕКА (Кон двата големи македонски јубилеи – 95 години од смртта на Крсте Петков Мисирков и 100 години од раѓањето на Блаже Конески). Палимпсест бр.12, 2021. ISSN 2545-3998
Text
Палимпсест 12, 2021.pdf Download (4MB) |
Abstract
Во историјата на секој народ има години што испишале историја, години на создавање и години на значајни историски навраќања. Оваа 2021 година е во знакот на двете стожерни годишнини за Македонија и македонскиот народ: 95 години од смртта на Крсте Петков Мисирков и 100 години од раѓањето на Блаже Конески. За македонскиот народ, јазик и воопшто за државата, годината 2021 е година на навраќање кон двата стожери, двата силни столба вкопани длабоко во темелите на македонската опстојба. Кога пишуваме за местото на овие двајца големи лингвисти и кодификатори на македонскиот литературен јазик, тогаш неминовно се потврдува констатацијата дека без нив не би можеле да зборуваме за македонскиот културно-јазичен континуитет. Мисирковото и Блажеконеското дело се нашиот најсилен аргумент против сите наметнати негирања за нашето постоење и културен континуитет, аргументи кои пред повеќе од 100 години сме ги добиле во наследство. Парадигмата поставена од Мисирков доби своја опширна елаборација и практичен показ при кодифицирањето на македонскиот литературен јазик, логичен чин по вековниот процес на јазично зреење.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ana Ringaceva |
Date Deposited: | 25 Jan 2022 08:15 |
Last Modified: | 25 Jan 2022 08:15 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29058 |
Actions (login required)
View Item |