Анализа на микро-топографските и хемиските карактеристики на коренската површина на забот по спроведена конвенционална и ласер потпомогната пародонтална терапија

Petrovski, Mihajlo (2021) Анализа на микро-топографските и хемиските карактеристики на коренската површина на забот по спроведена конвенционална и ласер потпомогната пародонтална терапија. Doctoral thesis, UGD.

[thumbnail of Aсс Михајло Петровски Докторска Дисертација за принтање.pdf] Text
Aсс Михајло Петровски Докторска Дисертација за принтање.pdf

Download (15MB)

Abstract

Вовед. Главната цел на пародонталната терапија е да се елиминира инфекцијата преку отстранување на бактерискиот дентален плак и тврдите депозити. Сите тераписки постапки се насочени кон добивање на коренска површина биолошки
компатибилна со пародонталните ткива. Денеска, механичкиот дебридман на коренската површина се смета за златен стандард во нехируршката пародонтална терапија. Сепак, комплетното отстранување на бактериските депозити и нивните токсини од коренската површина на пародонталните џебови не може секогаш во целост да се постигне со конвенционалниот третман. Но, од неодамна ласерите се користат како ветувачка алатка кон успешна пародонтална терапија. Она што е карактеристично за обработката на пародонтално заболените коренски површини е
менувањето на топографската текстура на површинскиот коренски цемент.Рапавоста како компонента на површинската тесткура, која е квантифицирана со отстапувања во
насоката на нормалниот вектор на вистинска површина од нејзината идеална форма, влијае на заздравувањето на пародонталните ткива. Иако механичките својства на
цементот се проценети на макро- и микро-скала, наноструктурата на текстурата на цементот и хемиските промени кои резултираат од изведувањето на различните
тераписки процедури се уште не се испитани во детали и оскудни се податоците кои се однесуваат на истите.
Цел. Земајќи ги во предвид сложените патогенетски промени, како и сложеноста на репараторно регенеративните процеси условени од површинскиот интерфеjс на цврстиот-коренски ѕид на пародонталниот џеб, оформена е и цел на овој труд- да се
проследат површинските и хемиските карактеристики на забниот цемент после спроведување на различни пародонтални тераписки модалитети.
Материјал и метод. Испитуваниот примерок опфати вкупно 120 заби со индикација за екстракција со дијагностициран III и IV стадиум на пародонтална болест. Испитуваниот примерок беше поделен во три групи по 40 заби, според спроведената тераписка процедура: (1) заби на кои е извршена конвенционална пародонтална терапија (комбинација од ултразвучна и рачна инструментација), (2) заби кај кои е изведен ласерски потпомогнат третман со Er:YAG ласер и (3) контролна група: екстрахирани импактирани заби или заби кои се екстрахирани од непародонтална причина (оклузален трауматизам, ортодонтска терапија или протеска причина). Кај половина од забите е изведена АФМ и СЕМ анализа, а на преостанататата половина е изведена хемиска анализа со помош на ICP-MS и рентген дифрактометрија. Дополнително, 20 екстрахирани заби со III и IV стадиум на пародонтална болест кои не се третирани беа испитани за промени во хемискиот состав и дебелина на цементот.
Резултати. Резултатите од спроведената СЕМ анализа укажуваат дека после конвенционалниот третман постои напредната, додека кај ласерски третирани површини постои умерена површинска алтерација. Од анализата на хистограмите на
сите измерени точки, височините и симетријата, како и отстапувањето од идеалната нормална крива претставена со skeweness и kurtosis, кај нетретираните и со ласер
третирантите заби се забележува дека е присутна умерено искривена и лептокуртична дистрибуција за разлика од површините третирани со скоро симетричната дистрибуција кај конвенционалната метода. Постои редукција на присутниот калциум кај третираните коренски површини, и при тоа поголема е загубата на калциум кај коренските површини третирани со ласер. Најголема загуба на неорганските
компоненти во структурата на цементот се забележува кај површини кои се третирани со конвенционална пародонтална терапија. Постои значително поблизоок сооднос на
органскиот и нероганскиот дел на цеменетот на коренските површини кои се добиени од заби третирани со ласер и кај здрави заби. Доминантен минерал во цементот е хидроксилапатиот и неговите модификации- портландитот и аморфниот апатит. Просечната дебелина на цементот кај здравите заби изнесува 174.6045 ± 10.14400 μm и 159,6760 ± 145,52132 μm кај пародонтално променетите заби. Просечната дебелина на преостанатиот цемент по конвенционалната терапија е најмала и изнесува 100,3535 ± 16.00674 μm, додека, по ласерски потпомогната терапија изнесуваше
122.1320 ± 18.91512 μm.
Заклучоци. Врз основа на разултатите може да се заклучи дека по спроведената ласерски потпомогната терапија, површинската рапавост како компонента на топографската текстура на цементот е многу слична со истата на здрави заби. Исто
така промени во хемиските карактеристики и минеролошкиот состав на коренските површини настануваат при примената на било која тераписка постапка во однос на здравите заби. Постои значително поголема редукција на дебелината на цементот после спроведената конценционална терапија во однос на ласер асистираната пародонтална терапија. Може да се заклучи тека коренските површини после спроведената ласерски потпомогната терапија покажува поголема морфолошка и
хемиска сличност со здравите коренски површини, отколку коренските површини третирани со конвенционална терапија.
Клучни зборови: Er:Yag ласер, конвенционална терапија, ласерска терапија, рапавост

Item Type: Thesis (Doctoral)
Subjects: Medical and Health Sciences > Health biotechnology
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Mihajlo Petrovski
Date Deposited: 03 Dec 2021 09:34
Last Modified: 03 Dec 2021 09:34
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28882

Actions (login required)

View Item View Item