Анализа на квалитетот на ресторанската понуда во функција на развој на туризмот и угостителството

Sazdova, Julijana (2021) Анализа на квалитетот на ресторанската понуда во функција на развој на туризмот и угостителството. Doctoral thesis, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип.

[thumbnail of Julijana Sazdova doktorski trud.pdf] Text
Julijana Sazdova doktorski trud.pdf

Download (7MB)

Abstract

Ресторанското работење како основа за развој на угостителството и туризмот се два меѓусебно поврзани комплексни поими. Ресторанското работење од една страна придонесува за атрактивност и препознатливост на туристичката дестинацијата и мотив за посета на истата, а туризмот пак, од друга страна, придонесува за промоција и препознавање на туристичката дестинацијата, како и за општествен и економски развој.
Во овој труд преку една сеопфатна анализа на постојната литература се потенцира поврзаноста помеѓу угостителството и квалитетот на услуги, со акцент на ресторанското работење. Нивната анализа има за цел согледување на моменталната состојба и потенцијалот за формирање квалитетен автентичен ресторански производ кој успешно ќе се промовира на пазарот. Источниот дел на Република Северна Македонија изобилува со голем број угостителски објекти, со сопствена историја и културно значење.
Овој труд се заснова на тројно истражување – меѓу менаџери, вработени и гости на ресторанот, се со цел да се анализира квалитетот на ресторанската понуда. Квалитетот на ресторанската понуда во функција на развој на туризмот и угостителството овозможува задоволни гости од дадената угостителска услуга, подобра ресторанската понуда на пазарот на конкуренција и остварување на предвидениот стратегиски план. За да се утврди квалитетот на ресторанското работење потребно е да се согледа реалната состојба на пазарот и тоа преку: стандардизација во угостителските објекти која претставува гаранција за квалитет; ориентацијата кон нови трендови и примена на иновации поради унапредување на квалитетот во ресторанската услуга со што се обезбедува конкурентска предност; ориентацијата кон квалитетот на ресторанската понуда со што се обезбедува зголемување на економска моќ на општеството и ориентацијата кон квалитетот на ресторанската понуда со што се обезбедува задоволни и постојани гости.
Анализата на квалитетот на ресторанската понуда е направена според квантитативно - квалитативен метод, кој е составен од индикатори кои даваат јасна и објективна слика за моменталната состојба за квалитетот на ресторанската понуда во источниот дел на Република Северна Македонија. Со оваа анализа ќе се откријат слабостите во менаџирањето со рестораните и ќе се добијат насоки за идни инвестициски зафати. Добиените резултати може да се користат за креирање на краткорочни и долгорочни планови за иден туристички развој на дестинацијата.
Податоците кој се добиени за да се утврди квалитетот на ресторанското работење се од теренски и кабинетски истражувања, во кои се применети различни методи и техники на собирање податоци. Со цел да се добие поголема објективност во оценувањето на поставените индикатори, испитувани се менаџери, вработени и гости во угостителски објекти.

Item Type: Thesis (Doctoral)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 02 Dec 2021 21:08
Last Modified: 02 Dec 2021 21:08
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28877

Actions (login required)

View Item View Item