Ротавирус вакцината - искуства и предизвици

Zisovska, Elizabeta (2021) Ротавирус вакцината - искуства и предизвици. In: Значење на имунизација во процесот на превенција на заразните болести, 30 Nov 2021, Skopje. (Unpublished)

[thumbnail of Проф Зисовска - Ротавирус вакцина-искуства и предизвици.pdf] Text
Проф Зисовска - Ротавирус вакцина-искуства и предизвици.pdf - Accepted Version

Download (1MB)
[thumbnail of _Агенда-30.11.2021.pdf] Text
_Агенда-30.11.2021.pdf - Accepted Version

Download (105kB)

Abstract

Зошто детето треба да добие вакцина против Рота вирус?
Вакцинирањето е најдобар начин да се заштитат малите деца од рота вирусот, затоа што спречува развој на симптоми на заболувањето: дијареа, повраќање, стомачна болка и дехидратација, ја намалува потребата од престој во болница.
Со вакцината се заштитени најголем процент од децата кои ја примиле (9 од 10 деца).
Вакцинацијата се спроведува со орална ротавирусна жива вакцина (RotaTeq) во три дози, со ставање капки во устата на детето, на возраст од најрано шест недели до најдоцна 32 недели. Првата доза од вакцината треба да се даде на возраст од најрано 6 недели, најдоцна пред детето да наполни 12 недели. Иако крајниот период до кога третата доза треба да биде примена е 32 недели возраст, се препорачува курсот на имунизација од 3 дози да биде завршен на возраст од 20-22 недели.
Во интерес на здравјето на децата, се даваат следните рпепораки: вакцината против Ротавирус е безбедна за најголем број од децата, навремено и предвремено родени, кои се испишани дома
Со висок степен на сигурност постојат докази дека вакцината против Рота вирусот спречува заболување со ризик од хоспитализација. Кај децата кои сеуште се згрижени во ОИНТ, безбедно е да се даде вакцина до возраст од 12 недели, со одржување на сите принципи на хигиена и спречување на ширење на вирусот преку отстранетите пелени после употребата. Нема забележано други заболени деца од Ротавирус во ОИНТ после спроведена вакцинација кај дете-пациент во единицата. Децата кои примиле крв/крвни деривати или друг препарат кој содржи антиген, безбедно е да се вакцинираат, но може да се очекува нешто понизок имун одговор на дадената доза. Со цел да се намалат несаканите реакции од вакцината, претходно треба да се земат детални анамнестички податоци за детето и средината во која живее. Децата кои живеат во заедница со бремени жени и/или имунокомпромитирани лица, можат да ја примаат вакцината според календарот, со совети за правилно, хигиенско одлагање на нечистите пелени.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Additional Information: Стручен состанок на Центар за семејна медицина во рамките на КМЕ при ЛКМ
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Elizabeta Zisovska
Date Deposited: 02 Dec 2021 08:03
Last Modified: 02 Dec 2021 08:03
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28867

Actions (login required)

View Item View Item