Magdinceva Sopova, Marija and Stojanovska-Stefanova, Aneta (2021) Политики за развој на родово претприемништво. Годишен зборник на Факултет за туризам и бизнис логистика, 1 (1). pp. 53-57. ISSN ISSN 2671-3969
Text
Зборник на ФТБЛ-Политики за развој на родово претприемништво.pdf Download (1MB) |
Abstract
Постигнување на рамноправност помеѓу мажите и жените претставува еден од темелните принципи на Европската унија. Едно од основните подрачја каде се прават обиди да се примени принципот на рамноправност е пазарот на трудот односно еднаква застапеност на жените и мажите на пазарот на трудот.
Родовото претприемништво претставува нов современ пристап за решавање на проблемите кои произлегуваат од нееднаквата застапеност на жените и мажите во бизнисот и извршувањето на претприемничка активност. Во рамките на овој труд ќе биде даден теоретски приказ и дефинирање на термините родово
претприемништво. Развојот на родовото претприеништво се јавува како резултат на одредените промени во окружувањето посебно на промените на глобалниот пазар и изразените напори за постигнување на родова еднаквост.
Проблемот на родова нееднаквост е евидентен во севкупните економски текови во Р.С.Македонија на што упатуваат голем број на спроведени истражувања и извршени компаративни анализи со други земји. Родовото претприемништво се јавува како одговор на потребите на општеството и остварување на определените цели за постигнување на родова еднаквост. Поради тоа главниот дел од трудот ќе биде насочен кон анализа на основните меѓународни индикатори кои овозможуваат мерење на родовата еднаквост односно нееднаквост. Составен дел од трудот е направената анализа за значењето и имплементацијата на политиките за постигнување на родова
балансираност. Врз основа на спроведените истражувања се констатира дека во нашата земја нема реализирано
соодветно теоретско и емпириско истражување за тоа дали и колку се применуваат политиките за постигнување на
родова еднаквост од економски аспект, поради што што во заклучокот од трудот ќе бидат дадени насоки за
подобрување на состојбата со родовата нееднаквост.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business Social Sciences > Law Social Sciences > Other social sciences Social Sciences > Political Science |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Aneta Stojanovska |
Date Deposited: | 25 Nov 2021 11:57 |
Last Modified: | 25 Nov 2021 11:57 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28829 |
Actions (login required)
View Item |